Online Bible

- Reklamy -

Левитска 24 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Светилата на светилникот

1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2 „Заповедај им на синовите израил­ски да земат чисто маслиново масло, исцедено за светење, та светлото да гори секогаш

3 пред завесата во скинијата на соб­ранието, а ќе го пали Арон (и синовите негови) постојано пред Господ од ве­черта, дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши.

4 На чист светилник распоредете ги светилата кои ќе горат постојано пред Господ;


Лебови на предложението

5 и земете пченично брашно и измесете од него дванаесет лебови – секој леб да тежи по две десетини од ефа;

6 поставете ги во два реда, по шест во ред, на чистата трпеза пред Господ.

7 И во (секој) ред ставете и чист темјан (и сол); и тоа нека биде крај лебовите како спомен – жртва за Господ.

8 Секој саботен ден постојано да се принесуваат лебови пред Господ од синовите израилски: тоа е вечен завет.

9 Тие да му припаѓаат на Арон и на синовите негови за да ги јадат на свето место; тоа е голема светиња за нив од жртвите Господови, овековечена со закон.“


Казна за богохулник

10 Тогаш излезе синот на една жена Израилка, што го беше родила со Егип­ќанец, меѓу синовите Израилеви и се скара со еден Израилец во населбата;

11 и синот на Израилката похули на Името. И го доведоа кај Мојсеј; името на мајка му беше Шеломит, Дивриева ќерка од племето Даново;

12 па го ставија в затвор додека не се донесе за него пресуда според заповедта Господова.

13 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

14 „Изведи го оној што хулеше надвор од логорот, а сите што чуја, нека ги стават рацете свои врз главата негова и целиот народ нека го убие со камења,

15 и кажи им на синовите израилски: секој што ќе похули на својот Бог, ќе го прими својот грев;

16 и оној што ќе го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придој­ден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре.

17 Кој ќе убие човек, да биде умртвен.

18 Кој ќе удри добиток и тој умре, да го плати; добиток за добиток.

19 На оној, што ќе му нанесе повреда на ближен, да му се направи и нему она што го направил тој;

20 прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што му нанел повреда на чо­век, така и нему да му се направи.

21 Кој ќе убие добиток, нека го плати, но кој удри човек и умре, да биде умр­т­вен.

22 Една правда да има како за придојден така и за тукашен, затоа што Јас сум Господ, вашиот Бог.“

23 Така Мојсеј им зборуваше на сино­вите израилски. И го изведоа оној што беше похулил надвор од населбата и го убија со камења; синовите на Израил направија така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy