Online Bible

- Reklamy -

Левитска 21 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Прописи во врска со свештениците За приватниот живот на свештениците

1 И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на свеште­ниците, синовите Аронови, и речи им да не се допираат до мртовец од народот свој.

2 Само до свој близок роднина: до мајка, до татко, до син и до ќерка, до брат,

3 до сестра, која е мома што живее кај него, немажена, може да се допира, и со тоа да не се осквернува;

4 инаку, не смее да се оскверни со допир до кого и да било од народот свој, за да не стане нечист.

5 Не смеат да ја бричат главата своја, ниту да го потстрижуваат крајот од брадата своја, ни да прават зарези по телото свое.

6 Тие треба да бидат свети пред својот Бог и да не го осквернуваат името на својот Бог, бидејќи тие Му принесуваат жртви на Бога, леб на својот Бог, и затоа треба да бидат свети.

7 Тие не смеат да земаат жени блудници и порочни, не смеат да се женат ни со жена истерана од својот маж, затоа што се тие свети пред својот Бог.

8 И свет нека ти биде, бидејќи тој Му принесува храна на Господ, вашиот Бог; тој треба да ти биде свет, затоа што сум свет Јас, Господ Бог ваш, Кој ве осветува.

9 Ако свештеничка ќерка се оскверни со блудство, таа го осквернила таткото свој: со оган да биде изгорена.

10 А големиот свештеник меѓу браќа­та свои, врз чија глава е излеано масло за помазание, и кој е осветен за да се облекува во свети одежди, да не ја от­крива главата своја и облеката своја да не ја кине;

11 и до никаков мртовец да не приоѓа; да не се осквернува со допир ни до ум­рениот татко свој, ни до мајката своја.

12 Тој од светилиштето да не се од­далечува за да не го оскверни светото на својот Бог, зашто светото масло на Божјото помазание е врз него. Јас сум Господ.

13 За жена тој треба да зема девица (од својот народ);

14 не смее да зема вдовица или оставена или осквернета (или) блудница, туку само девица од родот свој тој треба да зема за жена.

15 И да не го осквернува своето по­томство во народот свој: затоа што сум Јас Господ, Кој го осветува.“


Пречки за вршење на свештеничка служба

16 И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

17 „Кажи му на Арон: никој од твоето семе во сите родови, кој има телесен недостаток, да не пристапува да Му принесува дар на својот Бог.

18 Никој, кој има телесен недостаток, да не пристапува; ни слеп човек, ниту куц, ниту, пак, со чпртав нос, или со де­формирани крајници,

19 ниту таков кому му е раката скрше­на или ногата скршена,

20 ниту грбав, ниту слабуњав, ниту со перде на очите, ни крастав или со лишај, ниту скопец.

21 Никој човек од родот на свеш­те­никот Арон, кој е со телесен недостаток, не смее да пристапува за да Му принесува жртва на Господ; бидејќи има недостаток, нека не пристапува да принесува дарови Божји,

22 но од храната на својот Бог, од осветените жртви, тој може да јаде;

23 само до завесата да не се доближува и до жртвеникот да не пристапува, затоа што има недостаток: да не го ос­кверни светилиштето Мое, бидејќи Јас сум Господ, Кој ги осветува.“

24 И Мојсеј им го соопшти тоа на Арон и на синовите негови и на сите синови израилски.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy