Online Bible

- Reklamy -

Левитска 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Закон за Жртвите Жртва сепаленица

1 И го повика Господ Мојсеја, и му рече од скинијата на собранието, велејќи:

2 „Соопшти им на синовите израил­ски, и кажи им: кога некој од вас сака да Му принесе жртва на Господ од доби­токот: од крупниот и од ситниот доби­ток принесувајте жртва.

3 Ако принесува жртва сепаленица од крупен добиток, нека принесе машко, здраво; нека ја доведе пред влезот од скинијата на собранието, за да придобие милост пред Господ.

4 И нека ја стави раката своја врз гла­вата на жртвата, и ќе придобие милост за очистување;

5 нека се заколе теле пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека принесат крв, и со неа нека го попрс­каат жртвеникот, што е пред влезот од скинијата на собранието, од сите стра­ни;

6 потоа жртвата сепаленица нека се одере и нека се исече на делови.

7 А синовите Аронови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот, и нека стават дрва на огнот.

8 Па потоа синовите Аронови, свеш­тениците, нека ги наредат деловите, главата и лојот врз дрвата на огнот, што е на жртвеникот.

9 А внатрешнината и нозете нека се измијат со вода; свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот; тоа е жртва сепаленица, жртва огнена, со благопријатен мирис пред Господ.

10 А ако принесува жртва сепаленица од ситниот добиток, од овци или од кози, нека принесе машко – здраво, без мана (и нека ја положи раката над неговата глава).

11 Да се заколе на северната страна од жртвеникот пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека го по­прскаат жртвеникот со крвта од сите страни.

12 И нека се расече на делови, а свеш­теникот нека ги стави, со главата и лојот, свештеникот нека ги стави врз дрвата, што се на огнот врз жртвени­кот;

13 а внатрешнината и нозете свеш­теникот нека ги измие со вода и сето тоа нека го донесе и нека го изгори на жртвеникот; тоа е жртва – сепаленица, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господ.

14 Ако Му принесува на Господ жртва сепаленица од птиците, тогаш нека принесе грлица или млад гулаб;

15 свештеникот нека ја принесе на жртвеникот, и извивајќи ѝ ја главата, нека ја откине и нека ја изгори на жрт­веникот, крвта да ја исцеди во подно­жјето на жртвеникот;

16 нека ѝ ги извади гушата и перјата и нека ги фрли до жртвеникот од источ­ната страна, каде што е пепелта,

17 па нека ја прекрши меѓу крилјата, но да не ги разделува од неа; и свеште­никот потоа нека ја постави на жртве­никот, врз дрвјата што се на огнот; тоа е принос жртва, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господ.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy