Online Bible

- Reklamy -

Јован 6 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Исус нахранува над пет илјади луѓе
( Мт 14,13-21 ; Мк 6,30-44 ; Лк 9,10-17 )

1 Потоа Исус отиде на другата страна од Галилејското, Тиверијадското Море.

2 И по него одеше многу народ, зашто ги гледаа чудата Негови што ги вршеше над болните.

3 А Исус отиде во гората и таму се­де­ше со учениците Свои.

4 И наближуваше јудејскиот празник Пасха.

5 Исус, пак, откако ги подигна очите, виде дека кон Него иде многу народ му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“

6 А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи.

7 Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно леб за двесте денарии, па да до­бие секој од нив по малку!“

8 Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече:

9 „Овде има едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?“

10 Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“ А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади.

11 Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на учениците, а учени­ци­те на оние што поседнаа; исто така и од рибите, кој колку са­ка­ше.

12 А кога се наситија, им рече на учениците Свои: „Соберете ги остана­тите парчиња за да не се загуби ништо!“

13 И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошници пар­чи­ња, што им преостанаа на оние што ја­деа.

14 Луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: „Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде на светот!“

15 Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогла­сат за цар, повторно се повлече Сам во гората.


Исус оди по морето
( Мт 14,22-33 ; Мк 6,45-52 )

16 А приквечер, учениците Негови слегоа до морето,

17 и откако влегоа во кораб, тргнаа преку мо­рето кон Капернаум. И веќе се беше стемнило, а Исус сѐ уште не беше дошол кај нив.

18 Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар.

19 И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии, Го видоа Исуса ка­ко оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија.

20 Но Тој им рече: „Јас сум, не пла­шете се!“

21 Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа.


Народот Го бара Исуса

22 Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Не­гови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, туку само учениците негови заминаа.

23 И други кораби дојдоа од Тиве­ри­ја­да, близу до она место каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари.

24 И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Ка­пернаум да Го бараат Исуса.


Лебот на животот

25 И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“

26 А Исус им одговори и рече: „Вис­ти­на, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте.

27 Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Чо­веч­ки, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“

28 А тие Му рекоа: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“

29 Исус им одговори и рече: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“

30 А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш?

31 Татковците наши јадеа мана во пус­тината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“

32 Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од не­бото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото.

33 Зашто лебот Божји е Оној, Кој сле­гува од небото и му дава живот на светот.“

34 Тогаш Му рекоа: „Господи, да­вај ни го секогаш тој леб!“

35 А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да ог­ладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни.

36 Но ви реков: вие и Ме видовте и не верувате.

37 Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор;

38 зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати.

39 А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не загубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден.

40 А оваа е волјата на Оној што Ме прати: секој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“

41 Негодуваа против Него Ју­деј­ци­те, зашто рече: „Јас сум лебот што сле­зе од небото“,

42 и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јо­сифовиот син, Чиј татко и мајка ги познававме? Како тогаш Тој вели: ‚Слегов од небото.‘“

43 Им одговори Исус и рече: „Не мр­морете меѓу себе.

44 Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме пра­ти; и Јас ќе го воскреснам во последни­от ден.

45 Кај Пророците е напишано: ‚И ќе бидат сите од Бога научени.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа кај Мене.

46 Не дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; Тој го видел Отецот.

47 Вистина, вистина ви велам: Кој верува во Мене има вечен живот.

48 Јас сум лебот на животот.

49 Татковците ваши јадеа мана во пус­тината и умреа;

50 а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре.

51 Јас сум живиот леб што слезе од не­бото; кој јаде од овој леб, ќе живее веч­но; а лебот што ќе го дадам Јас, е Мо­ето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“

52 Јудејците пак почнаа да се препира­ат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?“

53 А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Не­гова, не ќе имате живот во себе.

54 Кој го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.

55 Зашто Моето тело е вистинска хра­на, и Мојата крв – вистинско питие.

56 Кој јаде од Моето тело и пие од Мо­јата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.

57 Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Ме­не.

58 Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.“

59 Ова го кажа Исус во синагогата, кога поучуваше во Капернаум.


Зборови за вечен живот

60 Тогаш мнозина од учениците Него­ви, откако го слушнаа тоа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“

61 А Исус, знаејќи во Себе дека уче­ни­ците Негови негодуваат заради тоа, им ре­че: „Зар ова ве соблазнува?

62 А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано?

63 Духот е тој што оживува; телото ништо не ползува. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.

64 Но има меѓу вас и некои што не ве­руваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде.

65 И рече: „Затоа ви зборувам дека никој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“

66 Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него.

67 Тогаш им рече Исус на дванаесет­мината: „Да не сакате и вие да си отидете?“

68 А Симон Петар Му одговори: „Гос­поди, кај кого ќе отидеме? Ти имаш збо­рови за вечен живот,

69 и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.“

70 Исус им одговори: „Не ли ве избрав дванаесетмина? Но еден од вас е ѓа­вол.“

71 А зборуваше за Јуда Симонов Ис­ка­риотски, зашто тој, иако еден од двана­есетмината, сакаше да Го предаде.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy