Online Bible

- Reklamy -

Јован 2 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Свадбата во Кана

1 На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исуса беше таму.

2 На свадбата беа поканети и Исус и Неговите ученици.

3 А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исуса: „Немаат вино.“

4 Исус ѝ рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“

5 Но мајка Му Негова им рече на слу­гите: „Сѐ што ќе ви рече, направете!“

6 А таму имаше шест камени садови за вода, поставени според ју­дејскиот обичај за очистување, што собираа по две до три мери.

7 Исус им рече: „Наполнете ги са­довите со вода!“ И тие ги наполнија до горе.

8 Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа.

9 И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода – а тој не зна­еше од каде е, но слугите, што ја беа донеле водата, знаеја – старосватот го повика младоженецот,

10 и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.“

11 Со ова направи Исус почеток на чудата во Кана Галилејска и ја по­кажа славата Своја; и учениците Него­ви поверуваа во Него.

12 Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, браќата Негови и учениците Негови; и таму остана неколку дена.


Исус го очистува храмот
( Мт 21,12-13 ; Мк 11,15-17 ; Лк 19,45-46 )

13 Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Еру­са­лим;

14 и ги затече во храмот оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари – како седат.

15 И откако направи камшик од врвци, ги избрка од храмот сите, и овците и воло­вите; а на менувачите им ги растури па­рите и ги испреврте масите,

16 па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од до­мот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“

17 Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“

18 А Јудејците, пак, одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека го правиш тоа?“

19 Исус им одговори и рече: „Ур­не­те го овој храм и за три дни ќе го подигнам.“

20 А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?“

21 Но Тој говореше за храмот на Сво­ето тело.

22 А кога воскресна од мртвите, се се­тија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус.


Исус ја знае човечката природа

23 И кога беше во Ерусалим на праз­никот Пасха, мнозина, гледајќи ги чу­десните знаци Негови, што ги пра­ве­ше, поверуваа во Неговото име.

24 Но Самиот Исус не им се доверува­ше, бидејќи ги познаваше сите,

25 и немаше потреба никој да Му све­дочи за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy