Online Bible

- Reklamy -

Јов 6 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Одговор на Јов: тој им се жали на своите пријатели

1 Одговори Јов и рече:

2 „О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го беа ставиле на терезија страдањето мое!

3 Тие навистина би биле потешки од морскиот песок! Затоа зборовите ми се жестоки.

4 Стрелите на Седржителот се во мо­ето тело; духот мој нивниот отров го пие; ужасите Божји се управија против мене.

5 Рика ли диво магаре при трева? Му­ка ли бик над крмата своја?

6 Се јаде ли блуткавото без сол и има ли вкус белката од јајцето?

7 До она до кое душата моја не сакаше да се допре, тоа ми е сега храна во бо­леста.

8 О, да се беше збиднала желбата мо­ја, и Бог да го исполнеше очекувањето мое!

9 О, да сакаше Бог да ме сотре, да ме удреше со раката Своја и да ме униш­те­ше!

10 Тоа би ми била вистинска утеха, иако горам од мојата безмилосна бо­лест, бидејќи не се откажав од збо­ро­ви­те на Светиот.

11 Колку ми е силата, та да се надевам на себе самиот? И каков е крајот, та да го продолжувам животот мој?

12 Тврда како камен ли е силата моја? И од бакар ли е телото мое?

13 Има ли во мене помош за мене, има ли за мене некоја поткрепа?

14 Кој одбива милост кон ближниот свој, ако тој не престанал да се бои од Севишниот Бог?

15 Како поток ме напуштија браќата мои, како бујни потоци коритото свое.

16 Како снег и мраз што се топат од топлина и не се познава што имало.

17 Во сушно време тие намалуваат, а во време на жеги исчезнуваат од местата свои.

18 Ја менуваат насоката на патиштата свои, навлегуваат во пустина и се губат;

19 погледнуваат кон нив карваните те­мајски, им се надеваат патниците од Сева,

20 но остануваат измамени во својата надеж: одат таму и црвенеат од срам.

21 Такви сте и вие сега кон мене: ви­довте стравотија и се исплашивте.

22 Ви реков ли: дајте ми, или подајте ми нешто од вашиот вишок;

23 избавете ме од раката душманска, откупете ме од раката на мачителите?

24 Научете ме, и јас ќе замолчам; по­кажете ми во што сум згрешил.

25 Колку се силни искрените зборови! Но што кажуваат вашите прекори?

26 Мислите ли зборовите мои да ги из­обличите? Во ветар ги фрлате зборо­ви­те ваши!

27 Го напаѓате сиракот и му копате ја­ма на пријателот свој.

28 Но, ве молам, погледнете ме: зборувам ли лага пред вашето лице?

29 Погледајте: има ли неправда? По­гле­дајте – правдата е на моја страна.

30 Има ли во јазикот мој неправда? Зар грлото мое не може да го разликува лошото?“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy