Online Bible

- Reklamy -

Јов 5 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)

1 „Ајде викај! Има ли кој да ти одговори? На кого од светиите мислиш да му се обратиш?

2 Вистина, гневот го убива глупавиот, раздразнетоста го погубува безумниот.

3 Видов како глупавиот се закоренува, но веднаш проклетството на домот не­гов падна.

4 Децата негови се далеку од спасение, нив ќе ги бијат кај портите; зашто ќе нема кој да ги заштити.

5 Жетвата негова ќе ја изедат гладни­те, низ трњето ќе ја извлечат; алчните ќе го голтнат имотот негов.

6 Не, жалоста не излегува од земјата, нити злото изникнува од почвата;

7 човекот се раѓа, за да страда, како и искрите – за да летаат угоре.

8 Но јас би се обрнал кон Бога и делото свое пред Бога би го поставил.

9 Тој создава дела големи и не­ис­пит­ливи, чудни и без број,

10 ѝ дава дожд на земјата и им испраќа вода на полињата;

11 понизените ги издигнува на високо, и натажените ги утешува и ги спасува.

12 Тој го урива она што лукавите го градат, рацете нивни не го довршуваат започнатото.

13 Тој ги фаќа мудрите во стапицата на нивното лукавство, и замислата на итрите се осуетува;

14 Среде бел ден запаѓаат во темнина; напладне одат со пипање, како ноќе.

15 Тој го спасува сиромавиот од меч, а слабиот од раката на силниот.

16 И за слабиот има надеж, и неправдата ја затвора устата своја.

17 Блажен е човекот кого Бог го опо­менува. Затоа не отфрлувај ги поуките на Седржителот,

18 зашто Тој нанесува рани и Самиот ги преврзува; Тој поразува, и со Свои раце лекува.

19 Од шест беди ќе те избави и во сед­ма­та зло нема да те стигне.

20 Во време на глад ќе те спаси од смрт, и во војна – од острината на ме­чот.

21 Од камшикот на јазикот ќе се со­криеш, и нема да се уплашиш од опус­то­шувањето кога ќе дојде.

22 На опустошувањето и на гладот ќе им се потсмееш, од ѕверовите земни нема да се уплашиш;

23 зашто си во сојуз со камењата полски, а полските ѕверови се во мир со те­бе.

24 Ќе дознаеш дека куќата ти е во без­опасност, ќе си го гледаш живеа­лиш­те­то и нема да згрешиш.

25 Ќе видиш дека семето ти е многу­бројно, а челадта твоја е како трева на земјата.

26 Ќе легнеш во гроб кога ќе стигнеш до зрелост, како што се редат житните снопја.

27 Ете, тоа сме го испитале: вистината е жива; затоа чуј го сето ова и запомни го добро.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy