Online Bible

- Reklamy -

Јов 3 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Разговорот на Јов со тројцата негови пријатели Јов го оплакува денот на своето раѓање

1 Потоа ја отвори Јов устата своја и го проколна денот на своето раѓање.

2 Почна Јов и рече:

3 „Нека е проклет денот, во кој се ро­див, и ноќта во која рекоа: – се зачна де­те!

4 Тој ден нека биде темнина; да не го побара Бог одозгора и да не изгрее над него светлина!

5 Да го затемни темнина и смртна сен­ка, црн облак да го покрие, или страш­но помрачување на сонцето!

6 Тој ден и таа ноќ, – темнина да ги оп­фати, да не се сметаат меѓу дните на го­дината, да не влезат во бројот на месеците!

7 О, таа ноќ! Да беше без луѓе; веселба (и радост) во неа да немаше!

8 Нека ја проколнат оние, кои го колнат денот, оние кои знаат да го разбудат чудовиштето водено!

9 Нека потемнат ѕвездите на мугрите нејзини; да ја чека светлината и таа да не дојде и да не ги види трепките на зората;

10 зашто не ги затвори дверите на мај­чината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои!

11 Зошто не сум умрел кога сум се ра­ѓал, и не сум издивнал – кога сум излегол од утробата?

12 Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради?

13 И сега ќе лежев и ќе почивав; ќе спиев и ќе ми беше спокојно

14 заедно со цареви и земни советници, кои градеа урнатини за себе,

15 или со кнезови, кои имаа злато и кои ги полнеа домовите свои со сребро;

16 или, како недоносче закопано, немаше да ме има, како новороденчиња кои не виделе светлина.

17 Во гробот насилниците не прават насилство, а изнемоштените наоѓаат починка за телото.

18 Таму затворениците заедно се на­сладуваат од спокојство и не ги слушаат викотниците на надзирателот.

19 Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој.

20 Зошто на страдалникот му е дадена светлина, и живот – на душевно огорче­ните,

21 кои ја очекуваат смртта, а неа ја нема, кои ја бараат повеќе отколку зако­пано богатство,

22 би се радувале до восхит, би биле среќни, зашто нашле гроб?

23 Еве јас сум човек кој не знае каде оди, човек чиј пат е сокриен и кого Бог со мрак го опкружил?

24 Воздишките мои се моја исхрана, офкањата мои течат како вода,

25 зашто страшното, од кое се ужасував, тоа ме снајде; од што се плашев, тоа ме сполета.

26 Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy