Online Bible

- Reklamy -

Јов 2 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Второ искушение на Јов

1 Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господ; со нив дојде и ѓаволот да застане пред Господ.

2 И му рече Господ на ѓаволот: „Од каде дојде?“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Одев по земјата и ја обиколив.“

3 Тогаш му рече Господ на ѓаволот: „Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, бого­бојазлив и кој го одбегнува злото, и сѐ уште цврсто се држи во својата не­по­рочност; а ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина.“

4 Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Кожа за кожа, а за животот свој човек ќе даде сѐ што има;

5 но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, – ќе Те благослови ли и тогаш?“

6 И му рече Господ на ѓаволот: „Ете, тој е во твоја рака; само душата не земај му ја.“

7 Си отиде ѓаволот од лицето Гос­по­дово и го порази Јов со лута рана – од стапалките на нозете негови до самото теме негово.

8 И си зеде Јов тогаш цреп за да се че­ша со него, и седеше на ѓубриштето (надвор од градот).

9 Откако измина многу време неговата жена му рече: „До кога ќе трпиш?

Ете јас ќе почекам уште малку со на­деж дека ќе се избавам.

Еве излезе од земјата твојот спомен, твоите синови и ќерки, болките и стенкањата на мојата утроба, кои залудно ги поднесував со мака.

А и ти самиот седиш во гни­леж ­на смрдеа од црви, минувајќи ја ноќта без покрив.

Јас, пак, скитам и измеќа­рувам од едно место до друго, и од куќа до куќа, чекајќи да зајде сонцето, па да си починам од маките и болките што сега ме мачат.

Па кажи веќе некој збор кон Господ и умри!“

10 Но тој (ја погледна и) ѝ рече: „Гово­риш како безумна. Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го под­не­суваме?“ – При сето тоа (што го снај­де) Јов не згреши со устата своја.


Доаѓање на тројцата пријатели на Јов

11 Слушнаа тројцата пријатели Јовови за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Но­ема; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат.

12 И кога ги кренаа очите оддалеку, тие не го познаа; па викнаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои.

13 И седеа со него на земјата седум де­на и седум ноќи: никој ни збор не му про­говори, бидејќи гледаа дека стра­да­њето му беше многу големо.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy