Online Bible

- Reklamy -

Јона 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Бегството на Јона

1 И дојде слово Господово до Јона, синот на Амитај:

2 „Стани и оди во Ниневија, градот голем, и проповедај во него, зашто не­говите лоши дела стигнаа до Мене.“

3 А Јона стана за да избега во Тар­сис од лицето Господово; слезе во Ја­фа, каде што најде брод што плови за Тарсис, па откако ја плати возарината, влезе во него за да избега во Тар­сис од лицето Господово.

4 Но Господ испрати силен ветар над морето, и настана голема бу­ра, така што бродот за малку ќе се разбиеше.

5 Морнарите се уплашија и повикаа секој кон својот бог, па почнаа това­рот од бродот да го фрлаат во морето, за да му се олесни; а Јона беше слегол во дното на бродот, легнал и длабоко заспал.

6 Тогаш дојде кај него капетанот на бродот и му рече: „Што, ти спиеш!? Стани и повикај кај твојот Бог! Можеби Тој Бог ќе се сети на нас, и ние нема да загинеме.“

7 Па си рекоа еден на друг: „Да фрлиме ждрепка и да видиме поради кого нѐ снајде ова зло.“ Фрлија ждрепка и ждрепката падна на Јона.

8 Тогаш му рекоа: „Кажи ни заради што нѐ снајде оваа неволја? Со што се занимаваш, и од каде си? Каде е твојата земја и од кој народ си?“

9 Тој им рече: „Јас сум Евреин, Го почитувам Господ Бог на небесата, Оној што ја создаде земјата и водата.“

10 Тогаш луѓето се уплашија многу и му рекоа: „Зошто го направи ова?“ Зашто тие дознаа дека тој бега од лицето Господово, – како што тој сам им беше кажал.

11 И му рекоа: „Што да направиме со тебе, та морето да стивне?“ Бидејќи морето сѐ повеќе се брануваше.

12 Тогаш тој им рече: „Земете ме и фрлете ме в море, и морето за вас ќе стивне, зашто знам дека поради мене се крена оваа бу­ра.“

13 Луѓето потоа се трудеа некако да се приближат до копното, но не мо­жеа, бидејќи морето сѐ повеќе бес­не­еше против нив.

14 Тогаш повикаа кон Господ и ре­коа: „Те молиме Господи, да не за­ги­неме поради душата на овој човек, и да не бидеме одговорни за невина крв, зашто Ти, Господи, си направил како што Ти е Тебе угодно.“

15 Па го зедоа Јона и го фрлија во морето; и морето престана да се бра­нува.

16 Тогаш луѓето се уплашија многу од Господ, Му принесоа на Господ жртви и се заветуваа.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy