Online Bible

- Reklamy -

Јоил 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Знаци на денот Господов: скакулци по земјата

1 Слово Господово упатено до Јоил, синот Петуелов.

2 Чујте го ова, старци, и внимавајте сите жители на оваа земја: се случувало ли ова во вашите денови или во денови­те на вашите татковци?

3 Раскажувајте за него на децата ва­ши; а децата ваши нека им раскажу­ваат на нивните деца, и нивните деца – на следниот род;

4 сѐ што остана од гасениците, го изедоа скакулците; а што остана од ска­кулците, го изедоа црвите; и што остана од црвите, го изедоа бумбарите.

5 Разбудете се пијаници, плачете и ри­дајте, вие сите што пиете вино, за сокот гроздов, зашто е одземен од устата ваша.

6 Зашто против земјата моја дојде народ силен и безброен; забите му се ка­ко заби на лав, а челустите како челуст на лавица.

7 Тој ми ја опустоши лозата, и смоква­та ми ја откорна, ја излупи до голо и ја фрли; гранките ѝ побелеа.

8 Плачи како што плаче девица, опа­шана со вреќиште, за свршеникот од својата младост.

9 Се прекрати лебниот принос и преливот за него во домот Господов; пла­чат и свештениците, служителите Гос­подови.

10 Опустошено е полето, тагува земјата, зашто е уништено житото; се исуши гроздовиот сок, пресуши маслиновото масло.

11 Црвенете се од срам, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јач­менот, зашто пропадна жетвата по ни­вите,

12 лозата се исуши, смоквата свена, нарот, палмата и јаболкницата – сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и веселбата меѓу луѓето исчезна.


Вратете се кај Господ

13 Препашете се со вреќиште, свеш­те­ници, и плачете; ридајте, служители на светилиштето. Влезете и ноќевајте, служители на мојот Бог, во вреќиште, зашто во домот на вашиот Бог нема ве­ќе лебен принос и прелив.

14 Наредете свет пост, објавете свечен собир, повикајте ги старешините и сите жители од тој крај во домот на Господ, вашиот Бог – викајте кон Господ.

15 Страшен ден! Зашто денот Гос­по­дов е близу; и ќе дојде како запустување од Сесилниот.

16 Зар пред очите наши не се одзеде храната, и од домот на нашиот Бог – ве­селбата и радоста?

17 Изгниени се зрната под сувите грутки, запустени се житниците, урна­ти се амбарите, зашто нема веќе жито.

18 Ете, стенка добитокот, скитаат стадата волови, зашто нема за нив па­сиш­те; се измачуваат и стадата овци.

19 Кон Тебе, Господи, викам, зашто оган ги проголта пасиштата во пустината, и пламен ги подгори дрвјата во полето.

20 Дури и животните во полето викаат кон Тебе, зашто секна водата по по­то­ците, и оган ги изгоре пасиштата во пустината.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy