Online Bible

- Reklamy -

Исход 7 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)

1 И Господ му рече на Мојсеј: „Ете, Јас те поставив да му бидеш Бог на фараонот; а Арон, братот твој, ќе ти биде пророк.

2 Ти ќе зборуваш сѐ, што ќе ти заповедам, а Арон, пак, братот твој, ќе му зборува на фараонот да ги пушти синовите на Израил од земјата своја.

3 Но Јас ќе го ожесточам срцето на фараонот, и ќе ги умножам знаците Мои и чудата Мои во египетската земја.

4 Фараонот сепак нема да ве послуша. Но Јас ќе ја ставам раката Своја над Египет и со силата Моја ќе го изведам воинството Мое, народот Мој, синовите на Израил, од земјата египетска со страшни осуди.

5 И ќе познаат сите Египќани дека Јас сум Господ, кога ќе ја протегнам раката Своја над Египет и кога ќе ги из­ведам синовите на Израил од нивната средина.“

6 И направија така Мојсеј и Арон: ка­ко што им заповеда Господ, така напра­вија.

7 Мојсеј имаше осумдесет години, а Арон – осумдесет и три години кога збо­руваа со фараонот.


Фараонот одбива да ги послуша Мојсеј и Арон

8 И Господ им рече на Мојсеј и на Арон, велејќи:

9 „Ако фараонот ви каже: ‚Направете некакво чудо‘, тогаш кажи му на Арон: ‚Земи го стапот твој и фрли го на земјата пред фараонот (и пред неговите слуги) и тој ќе стане змија.‘“

10 Потоа Мојсеј и Арон дојдоа кај фа­раонот и направија така, како што им заповеда Господ. И го фрли Арон ста­пот свој пред фараонот (и пред слугите негови), и тој стана змија.

11 Тогаш фараонот ги повика мудреците (египетски) и волшебниците; и тие го направија истото со своите волшеб­ништва.

12 И секој од нив го фрли својот стап и тие станаа змии; меѓутоа стапот Аронов ги проголта нивните стапови.

13 Но срцето фараоново се стврдна и не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.


Прва казна: водата се претвора во крв

14 И Господ му рече на Мојсеј: „Тврдо е срцето фараоново; и нема да го пушти народот.

15 Појди утре кај фараонот. И ете, тој ќе излезе до водата, и пресретни го на речниот брег; стапот, пак, што се прет­вори во змија, земи го во раката своја.

16 И речи му: Господ, Бог на Евреите, ме испрати кај тебе да ти кажам: ‚Пушти го народот Мој за да ми изврши служба во пустината!‘ Но ти, ете, досега не Го послуша.

17 Затоа Господ вели: ‚По ова ќе познаеш дека Јас сум Господ.‘ Еве, со стапов, што ми е во раката; ќе удрам по водата, што е во реката, и таа ќе стане крв.

18 И рибите што се во реката ќе изумрат, и реката ќе се усмрди, а Египќаните не ќе можат да пијат вода од реката.“

19 Му рече Господ на Мојсеј – „Кажи му на Арон: ‚Земи го стапот свој и пру­жи ја раката своја над водите египетски: над реките нивни, над потоците нивни, и над езерата нивни, и над сите нивни собиралишта на води; и тие ќе се претворат во крв. И сѐ ќе стане крв по целата египетска земја, и во дрвените и во камените садови.‘“

20 И направија Мојсеј и Арон така, како што заповеда Господ. И го зеде Арон стапот свој, па удри по речната вода пред очите на фараонот и слугите негови. И сета речна вода се претвори во крв.

21 И изумреа рибите, што беа во реката, и се усмрди реката, така што Егип­ќаните не можеа да пијат вода од реката; и крв имаше по целата египетска земја.

22 Но и врачевите египетски го на­правија истото со своето вражање. И срцето на фараонот се ожесточи и тој не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.

23 Потоа се сврте фараонот и си отиде дома; и ни од тоа не се поучи тој.

24 А Египќаните, сите, почнаа да ко­паат околу реката, барајќи вода за пиење; зашто не можеа да пијат вода од реката.

25 И така изминаа седум дена, откако Господ ја казни реката.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy