Online Bible

- Reklamy -

Исход 29 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Осветување на свештениците

1 „А еве што да направиш над нив, за да ги посветиш за Мои свештеници: земи теле од говедата и два овна здрави,

2 и бесквасни лебови, бесквасни по­гачки замесени со масло, и питки бес­квасни намачкани со масло; од пчени­ч­но бело брашно направи ги.

3 Стави ги во една кошница, и принеси ги со кошницата, заедно со телето и двата овна.

4 Доведи го Арон и синовите негови пред влезот на скинијата, и измиј ги со вода.

5 А откако ќе ги земеш одеждите, облечи го Арон, во хитон и во наметка, во ефод и во наградник и опаши го преку ефодот;

6 стави му го на глава кидарот, а на кидарот прицврсти го венецот на светоста.

7 И земи масло за помазание, излеј на главата негова и помажи го.

8 Потоа доведи ги синовите негови и облечи ги во хитоните.

9 И опаши ги со појаси, Арон и него­вите синови, и стави им ги превивките на главата, па свештенството нека им припаѓа вечно. Така ќе ги посветиш рацете на Арон и на неговите синови.

10 Потоа доведи го телето пред вратата на скинијата, и Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои врз главата на телето.

11 И заколи го телето пред Господ, пред влезот во скинијата,

12 и земи крв од телето и со твојот прст помажи ги роговите на жртвени­кот, а остатокот од крвта, сета излиј ја во подножјето на жртвеникот.

13 Потоа земи го сиот лој што ја обвива внатрешноста, кошулката на црниот дроб и обата бубрега со лојот околу нив, и запали ги на жртвеникот.

14 А месото од телето, кожата негова и нечистотиите изгори ги на оган надвор од логорот. Тоа е жртва за грев.

15 Потоа земи го едниот овен, и Арон и синовите негови нека ги положат ра­цете свои врз главата на овенот;

16 па заколи го овенот, земи крв од него и со неа полиј го жртвеникот од сите страни;

17 овенот, пак, исечи го на делови, измиј ја внатрешноста и нозете негови, и стави ги врз расечените делови со главата,

18 и изгори го целиот овен на жртве­никот. Тоа е жртва сепаленица пред Господ, мирис благопријатен, жртва на Господ.

19 Земи го потоа и другиот овен, та Арон и синовите негови нека ги поло­жат рацете свои на главата на овенот;

20 заколи го овенот и земи од неговата крв, па помажи го со неа крајчето од десното уво на Арон, и крајчето од десното уво на неговите синови, а и палецот на десната рака нивна, и палецот од десната нога нивна; а со крвта, што ќе преостане, попрскај го жртвени­кот од сите страни.

21 Потоа земи од крвта, што е на жртвеникот и масло за помазание, и попрскај го Арон и одеждите негови, и синовите негови и одеждите нивни – па ќе бидат осветени тој и одеждите не­гови, и синовите негови и одеждите на синовите негови со него.

22 Освен тоа, земи лој од овенот и опашката негова, и лојот што ја обвива внатрешноста негова, како и кошулката од црниот дроб и обата бубрега и лојот што е на нив, и десната плешка (тоа е овен за посветување);

23 и еден леб и една погачка со масло, и една питка од кошницата со бесквасни лебови, приложена пред Господ.

24 Сето тоа стави го врз рацете на Арон и врз рацете на синовите негови, и принеси го тоа со нишање пред Господ.

25 Потоа земи им го тоа од рацете нивни, и изгори го на жртвеникот, со жртвата сепаленица, за да биде мирисот благопријатен пред Господ: тоа е принос пред Господ.

26 И земи ги градите од овенот за Ароновото посветување и принеси ги со нишање пред Господ – и тоа ќе биде твој дел.

27 И освети ги градите од приносот, што беа нишани, и плешката на вознесението што беше вознесена, од овенот за посветување на Арон и на синовите негови;

28 и тоа нека биде за Арон и за сино­вите негови вечен дел од синовите на Израил, бидејќи тоа е вознесение; тоа вознесение треба да го прават (синовите на Израил) при благодарствените жртви; нивното вознесение е дар за Господ.

29 А светите одежди Аронови по него нека преминат на синовите негови, за да бидат во нив помазувани и во нив да се посветуваат за свештеници.

30 Седум дена нека се облекува во нив свештеник од синовите негови, оној, кој на неговото место ќе биде свештеник, кој ќе влегува во скинијата за да служи во светилиштето.

31 А овенот за посветување земи го и месото негово свари го на свето место;

32 и Арон и синовите негови нека го изедат месото од тој овен со лебовите од кошницата при влезот во скинијата.

33 Зашто преку тоа е извршено очистување и послужило за нивното посветување во свештенство; човек друг да не јаде, зашто тоа е света работа;

34 а и ако остане нешто од месото на жртвата за посветување, или од ле­бо­вите до изутрина, остатокот изгори го на оган; тоа не треба да се јаде, зашто е светиња.

35 И направи така со Арон и со синовите негови сѐ онака како што ти заповедав. Седум дена посветувај ги рацете нивни.

36 Теле заради гревовите да принесуваш секој ден за очистување; и жртва за грев да принесуваш врз жртвеникот за да го очистиш; и помажи го за да биде осветен.

37 Седум дена ќе го очистуваш жртве­никот и ќе го осветуваш, и жртвеникот ќе биде голема светиња; секој кој ќе се допре до жртвеникот, ќе се освети.


Секојдневните жртви

38 А еве што ќе принесуваш на жртве­никот: две јагниња (без недостаток) стари една година, секој ден без прекин.

39 Едното јагне принесувај го наутро, а другото принесувај го навечер;

40 и уште по една десетина ефа пче­нично брашно измешано со четврт ин исцедено масло, а за преливање – четврт ин вино, за едно јагне;

41 а другото јагне принесувај го навечер: со принос од брашно како утринскиот и со исто такво преливање принесувај го, како благопријатен ми­рис, жртва на Господ.

42 Тоа нека биде постојана жртва сепаленица во поколенијата ваши пред вратата од скинијата, пред Господ, каде што ќе ти се јавувам, за да зборувам со тебе.

43 И таму ќе им се јавувам на сино­вите израилски, и ќе се освети тоа мес­то со славата Моја.

44 А ќе ги осветам скинијата и жртве­никот; и Арон и синовите негови ќе ги осветам, за да Ми свештенодејствуваат.

45 Ќе пребивам меѓу синовите израилски и ќе им бидам Бог,

46 и ќе познаат дека Јас сум Господ, Бог нивни, Кој ги изведе од земјата египетска за да пребива меѓу нив. Јас сум Господ, нивниот Бог.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy