Online Bible

- Reklamy -

Броеви 7 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Коли наменети за скинијата

1 Во оној ден кога Мојсеј ја изгради скинијата и ја помаза, кога ја освети неа и сите нејзини делови, и жртвени­кот и сите негови прибори, и ги помаза и ги освети, –

2 тогаш дојдоа кај него (дванаесетте) началници израилски, глави на домо­вите нивни, старешини на племињата кои раководеа со пребројувањето,

3 и донесоа принос свој пред Господ – шест покриени коли и дванаесет воло­ви, по една кола од двајца началници и по еден вол од секого, и го донесоа тоа пред скинијата.

4 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

5 „Земи го тоа од нив; тоа ќе послужи за извршување на службите во скинијата на собранието; и дај им го тоа на ле­ви­тите, секому според службата негова!“

6 И ги зеде Мојсеј колите и воловите и им ги предаде на левитите:

7 две коли и четири вола им даде на Гирсоновите синови, според службата нивна;

8 и четири коли и осум волови им даде на Мерариевите синови, според служ­бата нивна, под надзор на Итамар, си­нот на свештеникот Арон;

9 а на Каатовите синови не им даде, зашто нивната работа беше да го носат светилиштето: на рамо треба да го но­сат.


Приноси за осветување на скинијата

10 И донесоа началниците жртви за осветување на жртвеникот во оној ден кога го помазаа, и ги принесоа начал­ниците даровите свои пред жртвеникот.

11 Па му рече Господ на Мојсеј: „На ден по еден началник да донесува свој принос за осветување на жртвеникот.“

12 Во првиот ден го донесе својот дар Наасон, Аминадавовиот син, од племето на Јуда;

13 дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша, тешка седумдесет шекели, според свештениот шекел, обе­те полни со пченично брашно, смешано со масло за лебен принос;

14 една златна кадилница, тешка десет шекели, полна со темјан;

15 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица;

16 еден козел од козите – жртва за грев;

17 и за жртва за мир, два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дар од Наасон, Амина­давовиот син.

18 Во вториот ден дар свој донесе Натанаил, Цуаровиот син, началник (на племето) Исахарово;

19 тој донесе свој принос: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша тешка – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло за лебен принос;

20 една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

21 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

22 еден козел како жртва за грев,

23 и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дарот од Натанаил, Цуаро­виот син.

24 Во третиот ден началникот на потомците Завулонови Елијав, Хелоно­виот син;

25 дарот му беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, ед­на сребрена чаша – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло за лебен принос;

26 една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

27 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

28 еден козел – жртва за грев,

29 и за жртва за мир два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дар од Елијав, Хелоно­виот син.

30 Во четвртиот ден началникот на Ру­вимовите потомци Елицур, Шедеуро­виот син;

31 дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно измешано со масло за лебен принос;

32 една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

33 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

34 еден козел – жртва за грев,

35 и жртва за мир два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елицур, Шедеуровиот син.

36 Во петтиот ден началникот на Симеоновите потомци Шелумиел, Цу­ришадаевиот син;

37 приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, обете полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

38 една златна кадилница – десет шекели, полна со темјан,

39 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

40 еден козел – жртва за грев,

41 и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Шелумиел, Цуришадаевиот син.

42 Во шестиот ден началникот на Гадовите потомци Елијасаф, Деуелови­от син;

43 приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

44 една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

45 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

46 еден козел – жртва за грев,

47 и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елијасаф, Деуеловиот син.

48 Во седмиот ден началникот на Ефремовите потомци Елишама, Амиу­довиот син;

49 приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

50 една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

51 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

52 еден козел – жртва за грев,

53 и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елишама, Амиудовиот син.

54 Во осмиот ден началникот на Мана­сиевите потомци Гамалиил, Педацуро­виот син;

55 приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

56 една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

57 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

58 еден козел – жртва за грев,

59 и жртва за мир, два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Гамалиил, Педацуровиот син.

60 Во деветтиот ден началникот на Венијаминовите потомци Авидан, Гидо­ниевиот син;

61 приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, ед­на сребрена чаша – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно измешано со масло како лебен принос;

62 една златна кадилница – десет шекели, полна со темјан,

63 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

64 еден козел – жртва за грев,

65 и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дар од Авидан, Гидониевиот син.

66 Во десеттиот ден началникот на Дановите потомци Ахиезер, Амишадаевиот син;

67 приносот негов беше една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

68 една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

69 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

70 еден козел – жртва за грев,

71 и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот на Ахиезер, Амишадаевиот син.

72 Во единаесеттиот ден началникот на Асировите потомци Пагиил, Ох­рановиот син;

73 приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, ед­на сребрена чаша – седумдесет шекели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

74 една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

75 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

76 еден козел – жртва за грев,

77 и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Пагиил, Охрановиот син.

78 Во дванаесеттиот ден началникот на Нефталимовите синови Ахира, Енановиот син;

79 приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет шеке­ли, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос;

80 една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан,

81 еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица,

82 еден козел – жртва за грев,

83 и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Ахира, Енановиот син.

84 Тоа беа даровите од началниците Израилеви при осветувањето на жртве­никот во денот на помазувањето негово: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши, дванаесет златни кадилници.

85 Во секоја чинија имаше по сто и триесет шекели сребро и во секоја чаша по седумдесет; и така сето сребро во тие садови беше – две илјади и четиристотини шекели, според свештениот шекел;

86 а дванаесетте златни кадилници полни со темјан, секоја имаше по десет шекели, според свештениот шекел: злато во кадилниците сѐ на сѐ – сто и дваесет шекели.

87 За сепаленици имаше вкупно: дванаесет јунци од крупниот добиток, дванаесет овни, дванаесет едногодишни машки јагниња, и со нив лебен принос, како и жртвите за грев – дванаесет козли;

88 а за жртви за мир имаше сѐ на сѐ: дваесет и четири вола крупен добиток, шеесет овни, шеесет козли, шеесет ед­ногодишни машки јагниња (без недос­таток). Тоа беа даровите при осветувањето на жртвеникот откако беше помазан.

89 Кога Мојсеј влегуваше во скинијата на собранието да зборува со Господ, слушаше глас, кој му говореше од поклопецот, што е над ковчегот на заветот меѓу двата херувима; и му говореше.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy