Online Bible

- Reklamy -

Броеви 4 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Обврските на одделни левитски родови Потомците на Каат

1 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

2 „Пребројте ги Каатовите синови меѓу синовите Левиеви според родовите нивни и според семејствата нивни,

3 од триесет години и нагоре до педесет години, способни за служба, за да ги вршат сите работи во скинијата на собранието.

4 А ова е службата на Каатовите си­нови (левитите, според родовите нивни, според домовите нивни), во скинијата на собранието: да ја носат Најсветата Светиња.

5 Кога ќе треба да се крене на пат, Арон и синовите негови да влезат и да ја симнат покривната завеса и да го покријат со неа ковчегот на заветот

6 и да го покријат со покровот од скапоцени кожи, и над него да ја стават покривката цела од синкаво ленено платно, и да ги постават носилата.

7 И трпезата за приносните лебови да ја покријат со синкаво ленено платно и да ги наредат одозгора чиниите, и лажиците, и чашите, и потирите; а на неа секогаш да има лебови;

8 да стават врз нив црвена покривка, да ја покријат со покривало од скапоцена кожа и да ѝ ги постават лостовите за носење.

9 Да земат исто така сина покривка, и да го покријат свеќникот за осветлување, и кандилцата негови, и подлош­ките негови, и сите садови за масло, со кои се служат,

10 да го обвијат него и сите негови прибори со покривка од скапоцени ко­жи и да го стават на неговата носилка.

11 А на златниот жртвеник да стават покривка од синкаво платно, да го пок­ријат со покривка од скапоцени кожи, и да ги постават неговите лостови за носење.

12 Да го земат сиот прибор за слу­жење, со кој служат во светилиштето, да го обвијат во синкаво платно, да го покријат со покривка од скапоцени ко­жи, и да го постават на неговата носилка.

13 Да го очистат жртвеникот од пе­пелта и да го обвијат со пурпурно платно;

14 да го стават одозгора сиот прибор негов, со кој се служат при него – мангалите, виљушките, лопатките и чаши­те – сиот прибор на жртвеникот, и да го покријат со покривка од скапоцени кожи и да го постават на неговите лос­тови за носење. (И да земат пурпурно платно и да го покријат мијалникот и неговите подножја, да го обвијат во сина кожена покривка, и да го стават на носила).

15 И кога ќе направат така, Арон и синовите негови, покривајќи го целото светилиште и сите негови работи, па кога ќе се крева населбата, тогаш Каа­товите синови да влезат и да носат; но тие не смеат да се допираат до светите работи, за да не умрат. Тие работи од скинијата на собранието да ги носат Каатовите синови.

16 На Елеазар, синот на свештеникот Арон, му се доверува маслото за све­тилникот, благомиризливата смеса за кадење, постојаниот лебен принос и маслото за помазание – му се доверува целата скинија и сѐ што е во неа, све­тилиштето и она што му припаѓа нему.“

17 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

18 „Не погубувајте го родот на Каа­товците меѓу левитите,

19 туку еве што ќе направите за нив, за да бидат живи и да не умрат, кога ќе пристапат кон Светињата над светињите: Арон и синовите негови нека дојдат и нека му определат на секого од нив кој што ќе работи и што ќе носи:

20 но тие не смеат да се доближуваат и да ја видат светињата кога ја покриваат, за да не умрат.“


Потомците на Гирсон

21 И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

22 „Преброј ги и Гирсоновите синови според семејствата нивни и според родовите нивни,

23 од триесет години нагоре до педесет години, пребројте ги сите способни за служба и за работа во скинијата на собранието.

24 Еве ја работата на Гирсоновиот род, кога ќе служат и кога ќе носат:

25 да ги носат платништата на скинијата, и скинијата на собранието со пок­ривот нејзин, и покривката од скапо­цени кожи, што е на неа, и завесата од влезот во скинијата на собранието,

26 платништата околу дворот и завесата од влезот во дворот, што се околу скинијата и жртвеникот, со јажињата и другите нивни принадлежности; и сѐ околу ова што треба да се работи, нека го работат.

27 Сите служби на Гирсоновите синови, кога носат товари и кога вршат работа, треба да се извршуваат по запо­вед на Арон и на синовите негови; ним доверете им го и чувањето на она што ќе го носат.

28 Тоа се службите на родовите на Гирсоновите синови во скинијата на собранието и тоа е она што треба да го чуваат под надзор на Итамар, синот на свештеникот Арон.


Потомците на Мерариј

29 Преброј ги Мерариевите синови според родовите нивни и според семеј­ствата нивни;

30 од триесет години нагоре до педесет години, преброј ги сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието.

31 Еве што треба да носат тие според службата своја во скинијата на собранието: штиците од скинијата и напреч­ните греди нејзини, столбовите нејзини и подножјата нивни,

32 и столбовите од сите страни на дво­рот и подножјата нивни, и клиновите нивни и јажињата нивни, и сиот прибор што им припаѓа; и именувајте ги работите, што треба да ги носат.

33 Тоа е работата на родовите на Ме­рариевите синови според службата нив­на при скинијата на собранието, а под надзор на Итамар, синот на свеш­теникот Арон.“


Попис на левитите способни за служба

34 И ги преброија Мојсеј и Арон и началниците народни Каатовите синови според родовите нивни и според семејствата нивни,

35 од триесет години нагоре до педесет години, сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието.

36 И излегоа на број според родовите нивни, две илјади седумстотини и пе­десет.

37 Тоа се преброените од родовите Каатови, сите што ќе служат при ски­нијата на собранието, и што ги изброија Мојсеј и Арон по заповед Господова, дадена преку Мојсеј.

38 И Гирсоновите синови беа преброени според родовите нивни, и според семејствата нивни,

39 од триесет години и нагоре до пе­десет години, сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието;

40 и излегоа на број, според родовите нивни, според семејствата нивни, две илјади шестотини и триесет.

41 Тоа се изброените од родовите на Гирсоновите синови, сите што ќе слу­жат во скинијата на собранието, а кои ги изброија Мојсеј и Арон, по заповедта Господова, дадена преку Мојсеј.

42 Родовите на Мерариевите синови беа изброени според родовите нивни, според семејствата нивни,

43 од триесет години и нагоре, до пе­десет години, сите способни за служба, да работат при скинијата на собранието;

44 и излегоа на број, според родовите нивни, (според нивните татковски домо­ви), три илјади и двесте.

45 Тоа се преброените од родовите на Мерариевите синови, што ги преброија Мојсеј и Арон по заповедта Господова, дадени преку Мојсеј.

46 И беа изброени сите левити, што ги изброија Мојсеј и Арон и началниците израилски според родовите нивни и според семејствата нивни,

47 од триесет години и нагоре до пе­десет години, сите способни да работат и да носат во скинијата на собранието,

48 и излегоа на број осум илјади петстотини и осумдесет.

49 По заповед на Господ ги распореди Мојсеј, секој на својата работа што ќе ја врши, и беа изброени, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy