Online Bible

- Reklamy -

Броеви 34 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Границите на земјата хананска

1 Му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2 „Заповедај им на синовите на Израил и кажи им: кога ќе влезете во хананската земја, таа е земјата, која ќе ви се падне во дел – земјата хананска со пределите нејзини:

3 вашата јужна граница ќе започнува од пустината Син, покрај Едом; ќе започнува од крајот на Соленото Море откај исток;

4 потоа вашата граница ќе сврти на југ кон Акравимските возвишенија, минува низ Син, ќе дојде јужно од Кадис-Барнеа, па потоа ќе продолжи кон Хацар-Адар и Ацмон;

5 од Ацмон границата ќе оди кон египетската река и ќе излегува на морето.

6 А западна граница ќе ви биде Големото Море. Тоа ќе ви биде граница откај запад.

7 Откај север, пак, да имате граница: од Големото Море да оди кон планината Ор,

8 од планината Ор да продолжува до Емат, и оттука да свртува кон Цедад;

9 оттаму границата да продолжи кон Зифрон и да скршнува кон Хацар-Енан: тоа да ви биде северната граница.

10 Источната граница означете ја сами од Хацар-Енан до Шефам,

11 од Шефам ќе продолжи кон Ривла, потоа, слегувајќи уште надолу, се допира до источните брегови на Гениса­ретското Езеро; од источната страна на Ајин;

12 потоа границата ќе оди по реката Јордан и ќе заврши кај Соленото Море. Тоа да ви биде земјата со границите неј­зини наоколу.“

13 Тогаш им заповеда Мојсеј на сино­вите на Израил и им рече: „Еве ја земјата што ќе ја поделите со ждрепка, која Господ заповеда да им се даде на деветте племиња и на половината од племето (Манасиево),

14 зашто племето на Рувимовите потомци според семејствата нивни, и племето на потомците на Гад според семејствата нивни, и половината од Ма­насиевото племе, го добија својот дел:

15 двете племиња и половината племе го добија својот дел со ждрепка од оваа страна на Јордан, спроти Ерихон, на исток.“


Список на одговорните за поделба на земјата

16 И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

17 „Ова се имињата на мажите, што ќе ја поделат таа земја меѓу вас: свеште­никот Елеазар, и Исус, Навиновиот син;

18 а за делењето на земјата земете и по еден кнез од секое племе.

19 А еве ги имињата на тие мажи: за Јудиното племе – Халев, синот Је­фу­неов;

20 за племето на Симеоновите потомци – Самоил, синот Амиудов;

21 за Венијаминовото племе – Елидад, синот Кислонов;

22 за племето на Дановите потомци – кнезот Буки, Јоглиевиот син;

23 за Јосифовите потомци, за племето на Манасиевите потомци – кнезот Ханиил, Ефодовиот син;

24 за коленото на Ефремовите потомци – кнезот Кемуел, синот Шифтанов;

25 за племето на Завулоновите потомци – кнезот Елицафан, синот Парнахов;

26 за племето на Исахаровите потомци – кнезот Палтиел, синот Азанов;

27 за племето на Асировите потомци – кнезот Ахиуд, синот Шеломиев;

28 за племето на Нефталимовите потомци – кнезот Педаел, синот Ами­удов.“

29 Тоа се оние, на кои Господ им запо­веда да ги поделат деловите меѓу сино­вите на Израил во хананската земја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy