Online Bible

- Reklamy -

Броеви 33 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Список на местата, каде што беа сместувани логорите по излегувањето од Египет

1 Ете тоа се патувањата на синовите израилски, откако излегоа од египетската земја, групирани во легиони под водството на Мојсеј и на Арон.

2 По заповед на Господ Мојсеј ги опи­ша нивните патувања и престојувањата нивни, и еве ги престоите на нивното патување:

3 Од Рамзес тие тргнаа во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец, – утрината по Пасха излегоа си­новите израилски – слободно, пред очи­те на сите Египќани;

4 а во тоа време Египќаните ги погребуваа сите првородени, кои ги порази Господ меѓу нив, извршувајќи, на тој начин суд над нивните богови.

5 Така тргнаа синовите израилски од Рамзес и се сместија во Сукот.

6 Потоа појдоа од Сукот и се сместија во Етам, кој е на крајот од пустината.

7 Се кренаа од Етам, и се упатија кон Пи-Хахирот, кој е спроти Ваал-Цефон, и се сместија спроти Мигдол.

8 Откако тргнаа од Пи-Хахирот, ми­наа преку морето во пустината, и патуваа три дена по пустината Етам, и се улогорија во Мара.

9 И се кренаа од Мара, и пристигнаа во Елим; а во Елим имаше дванаесет водни извори и седумдесет палми; и се сместија таму.

10 Потоа појдоа од Елим и се сместија крај Црвеното Море.

11 И тргнаа од Црвено Море и се смес­тија во пустината Син.

12 Па се кренаа од пустината Син и се сместија во Дофка.

13 Од Дофка заминаа и дојдоа во Алуш.

14 Тргнаа од Алуш и се сместија во Рефидим, а таму немаше вода да пие народот.

15 Појдоа од Рефидим и се сместија во Синајската Пустина.

16 Заминаа од Синајската Пустина и се сместија крај Киврот-Таава.

17 Тргнаа од Киврот-Таава и се улогорија во Хацерот.

18 Од Хацерот појдоа и се сместија во Ритма.

19 Потоа се кренаа од Ритма и се сместија во Римон-Перец.

20 Појдоа од Римон-Перец и се сместија во Ливна.

21 Од Ливна заминаа и се сместија во Риса.

22 Тргнаа од Риса и се сместија во Ке­хелата.

23 Се кренаа од Кехелата и се сместија на гората Шефер.

24 Тргнаа од планината Шефер и се сместија во Харада.

25 Тргнаа од Харада и се сместија во Макхелот.

26 Од Макхелот се кренаа и се сместија во Тахат.

27 Тргнаа од Тахат и се сместија во Тара.

28 Појдоа од Тара и се сместија во Митка.

29 Заминаа од Митка и се сместија во Хашмона.

30 Од Хашмона тргнаа и се сместија во Мосерот.

31 Тргнаа од Мосерот и се сместија во Бене-Јаакан.

32 Заминаа од Бене-Јаакан и се сместија во Хор-Гидгад.

33 Се кренаа од Хор-Гидгад и се сместија во Јатевата.

34 Појдоа од Јатевата и се сместија во Аврона.

35 Тргнаа од Аврона и се сместија во Ецјон-Гевер.

36 Од Ецјон-Гевер тргнаа и се сместија на стан во пустината Син, т.е. во Ка­дис.

37 Појдоа од Кадис и се сместија во планината Ор, близу до земјата Едо­м­ска.

38 Тогаш по заповед на Господ свеш­теникот Арон се искачи на планината Ор и умре таму на четириесеттата го­ди­на по излегувањето на синовите из­раилски од египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од месецот;

39 Арон имаше сто дваесет и три години кога умре на планината Ор.

40 Тогаш царот на Арад, еден од хананските цареви, кој живееше на југ во хананската земја, чу дека идат си­новите на Израил.

41 И тие тргнаа од Ор-Планина и се сместија во Салмона.

42 Појдоа од Салмона и се сместија во Пунон.

43 Се кренаа од Пунон и се сместија во Овот.

44 Потоа заминаа од Овот и се сместија во Ије-Аварим, од спротива на пределите моавски.

45 Тргнаа од Ије-Аварим и се сместија во Дивон-Гад.

46 Појдоа од Дивон-Гад и се сместија во Алмон-Дивлатаим.

47 Се кренаа од Алмон-Дивлатаим и се сместија на планината Аварим, спроти Нево.

48 Тргнаа од Аваримската планина и се сместија во рамнините моавски, крај Јордан, спроти Ерихон;

49 тие беа сместени на брегот од Јор­дан, во Моавската Рамнина, од Бет-Јешимот до Авел-Ситим.

50 Тогаш му рече Господ на Мојсеј во Рамнината Моавска, кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи:

51 „Кажи им на синовите израилски и речи им: кога ќе минете од онаа страна на Јордан, во хананската земја,

52 протерајте ги од пред себе сите жи­тели на оваа земја, разрушете ги сите нивни камени идоли и сите нивни из­леани идоли, и сите нивни жртвеници разорете ги;

53 и завладејте ја таа земја, и населете се во неа, зашто Јас ви ја давам во нас­ледство;

54 и поделете ја земјата со ждрепка на делови меѓу вашите племиња: на мно­губројните дајте им поголем дел, а на малубројните дајте им помал дел; како кому ќе му се падне ждрепката, таму да му биде и делот; земете си делови спо­ред родовите на предците ваши.

55 Ако, пак, не ги протерате од пред себе жителите на таа земја, тогаш оние што ќе останат, ќе бидат трн во очите ваши и бодила во слабините ваши и ќе ве притеснуваат во земјата каде што ќе живеете,

56 и тогаш, она што мислев да им го направам ним, ќе ви го направам вам.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy