Online Bible

- Reklamy -

Броеви 29 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Жртви за Денот на трубните знаци

1 „Во седмиот месец, во првиот ден од месецот, треба да има све­то собрание; никаква работа не вршете; тоа да ви биде Ден на трубни знаци;

2 и принесувајте сепаленица за благопријатен мирис на Господ: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња, без надостаток;

3 а заедно со нив и лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за јунецот, две десетини од ефа за овенот,

4 и една десетина од ефа за секое од седумте јагниња,

5 и еден козел како жртва за грев, за да се ослободите од гревот.

6 Тоа да го додавате кон новомесе­ч­ните сепаленици и лебните приноси за нив, и преливите нивни, и секојдневните сепаленици со нивните приноси и преливи, според наредбите, како благопријатен мирис за Господ.


Жртви за Денот на очистувањето

7 И во десеттиот ден од тој седми ме­сец треба да имате свето собрание: сми­рувајте ги душите свои и никаква работа не вршете;

8 и принесувајте сепаленици за благопријатен мирис на Господ: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња; тие треба да бидат без недостаток;

9 и заедно со нив и лебен принос од пченично брашно, помешано со масло три десетини од ефа за јунец, две десетини од ефа за овен,

10 и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња,

11 како и еден козел – жртва за грев, освен жртвите за грев (за ваше очистување), што се принесуваат во Денот на очистувањето, и освен постојаните се­паленици и лебните приноси со нив и преливите за нив.


Жртви за празникот Сеници

12 И во петнаесеттиот ден од седмиот месец треба да ви биде особено свет, никаква работа не вршете и празнувајте го тој празник Господов седум дена:

13 и принесувајте сепаленица, жртва за благопријатен мирис на Господ: тринаесет јунци, два овна, и четиринаесет едногодишни машки јагниња; тие треба да бидат без недостаток;

14 и кон нив лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секое од тринаесетте јун­ци, две десетини од ефа за секој овен,

15 и по една десетина од ефа за секое од четиринаесетте јагниња,

16 и еден козел – жртва за грев, освен секојдневната сепаленица со нејзиниот лебен принос, како и преливот за неа.

17 А на вториот ден принесувајте: два­наесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недос­таток,

18 и со нив уште лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, спо­ред бројот нивни, според наредбите;

19 исто така и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и преливот за неа.

20 На третиот ден, пак, принесувајте: единаесет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток,

21 и со нив лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бро­јот нивни, според прописите;

22 исто така и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и преливот за неа.

23 На четвртиот ден принесувајте: десет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недос­таток,

24 со нив и лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите,

25 и покрај тоа и еден козел – жртва за грев, освен постојаната сепаленица и приносот и преливот за неа.

26 И на петтиот ден принесувајте жрт­ва: девет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без не­достаток,

27 и со нив принесете уште и лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите,

28 и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица и приносот и преливот за неа.

29 На шестиот ден, пак, принесувајте: осум јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недос­таток,

30 а со нив и лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите;

31 а исто така и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и преливот за неа.

32 Во седмиот ден принесувајте: седум јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток,

33 и со нив принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите,

34 а и еден козел како жртва за грев, освен постојаната сепаленица со приносот како и преливот за неа.

35 Во осмиот ден е крај на празникот: никаква работа не вршете;

36 и принесувајте сепаленица, жртва со пријатен мирис на Господ: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња без недостаток,

37 и заедно со нив лебен принос и прелив за јунецот, за овенот и за јагнињата, според бројот нивни според прописите;

38 освен тоа уште и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица, приносот и преливот за неа.

39 Принесувајте го тоа на Господ на вашите празници, покрај оние што ги принесувате поради завет или поради грижа и покрај сепалениците ваши, и лебните приноси и жртвите за мир.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy