Online Bible

- Reklamy -

Броеви 26 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Второ пребројување на израилските племиња

1 По тој пораз Господ му рече на Мојсеј и на свештеникот Елеа­зар, син Аронов, велејќи:

2 „Преброј го целото општество на синовите израилски од дваесет години нагоре, според семејствата нивни, сите способни за војување во Израил.“

3 И им рекоа Мојсеј и свештеникот Елеазар во рамнините моавски кај Јор­дан, спроти Ерихон, велејќи:

4 „Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ на Мојсеј и на синовите израилски, кога излегоа од египетската земја:

5 Рувим, првороден син Израилев. Рувимови потомци: од Анох – родот Аноховци, од Палу – родот Палуовци,

6 од Есром – родот Есромовци, од Кар­ми – родот Кармиевци;

7 тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три илјади седумстотини и триесет.

8 Палуовите потомци: Елијав,

9 и Елијавовите синови: Немуел, Да­тан и Авирон. Тоа се оние Датан и Ави­рон, претставници во Соборот, кои пре­дизвикаа смут против Мојсеј и Арон заедно со групата на Кореј, кога тие предизвикаа бунт против Господ;

10 па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореј: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример;

11 но синовите на Кореј не умреа.

12 Симеоновите потомци според поко­ленијата нивни: од Немуел – Немуеловото поколение, од Јамин – Јаминовото поколение, од Јахин – Јахиновото поко­ление,

13 од Зерах – Зераховото поколение, од Саул – Сауловото поколение;

14 тоа се Симеоновите родови (од нивното пребројување): дваесет и две илјади и двесте.

15 Јудините потомци: Ер и Онан, Ер и Онан умреа во хананската земја;

16 Јудините синови според поколенијата нивни беа: од Сала – Салаовото по­коление, од Фарес – Фаресовото поколение, од Зерах – Зераховото поколение.

17 Фаресови синови беа: од Есром – Есромовото поколение, од Хамул – Хамуловото поколение;

18 тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест илјади и петстотини.

19 Исахарови потомци според поколе­нијата нивни: од Тола – Толовото по­коление, од Пуа – Пуиното поколение,

20 од Јашув – Јашувовото поколение, од Шимрон – Шимроновото поколение;

21 тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири илјади и триста.

22 Завулонови потомци според родо­вите нивни: од Серед – родот Середиев, од Елон – родот Елонов, од Јахлеел – родот Јахлеелов.

23 Тоа се Завулоновите родови, според пребројувањето нивно: шеесет илјади и петстотини.

24 Гадови потомци според родовите нивни: од Цефон – родот Цефоновци, од Хагиј – родот Хагиевци, од Шуниј – ро­дот Шуниевци,

25 од Озниј – родот Озниевци, од Ериј – родот Ериовци,

26 од Арод – родот Ародовци, од Арелиј – родот Арелиевци.

27 Тоа се родовите на Гадовите потомци, според пребројувањето нивно: чети­риесет илјади и петстотини.

28 Асирови потомци според поколението нивно: од Јимна – Јимнаовото поко­ление, од Јишви – Јишвиевото поколение, од Берија – Бериевото поколение.

29 Од Бериевите синови, од Хевер – Хеверовото поколение, од Малхиил – Малхииловото поколение.

30 Името на Асировата ќерка беше Зара.

31 Тоа се поколенијата на Асировите потомци според пребројувањето нивно: педесет и три илјади и четиристотини.

32 Јосифови потомци според поколе­нијата нивни: Манасија и Ефрем.

33 Манасиеви потомци: од Махир – Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаад – Галаадово поколение.

34 Еве ги Галаадовите потомци: од Иезер – Иезеровото поколение, од Хе­лек – Хелековото поколение,

35 од Азриил – Азрииловото поколение, од Сихем – Сихемовото поколение,

36 од Шемида – Шемидаовото поколение, од Хефер – Хеферовото поколение.

37 Салпаад, син Хеферов, немаше си­нови, туку само ќерки; имињата на Сал­паадовите ќерки беа: Махла, Ноа, Хо­г­ла, Милка и Тирца.

38 Тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две илјади и седумстотини.

39 Еве ги Ефремовите потомци според родовите нивни: од Шутелах – Шутелаховиот род, од Бехер – Бехеровиот род, од Тахан – Тахановиот род.

40 А еве ги Шутелаховите потомци: од Еран – Ерановиот род.

41 Тоа се родовите на Ефремовите по­томци, според пребројувањето нивно: триесет и две илјади и петстотини. Тоа се Јосифовите потомци според поко­ленијата нивни.

42 Венијаминовите потомци според поколенијата нивни: од Бела – Белао­вото поколение, од Ашбел – Ашбеловото поколение, од Ахирам – Ахирамово­то поколение;

43 од Шефуфам – Шефуфамовото по­коление; од Хуфам – Хуфамовото поколение.

44 Синови на Бела беа: Ард и Нааман: од Ард – Ардово поколение, од Нааман – Наамановото поколение;

45 тоа се Венијаминовите потомци според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет илјади и шестотини.

46 Еве ги Дановите потомци според родовите нивни: од Шухам – Шухамо­виот род; тоа се родовите Данови спо­ред поколенијата нивни.

47 А сите Шухамови родови според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири илјади и четиристотини.

48 Нефталимови потомци според ро­довите нивни: од Јахцеел – Јахцее­ловиот род, од Гуниј – Гуниевиот род;

49 од Јецер – Јецеровиот род, од Шилем – Шилемовиот род;

50 тоа се Нефталимовите родови спо­ред пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет илјади и четири­стотини.

51 Тоа се влезените во пребројувањето синови израилски: шестотини и една илјада седумстотини и триесет.“


Упатства за поделба на земјата

52 И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

53 „Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата;

54 на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето;

55 земјата треба да се подели со жд­репка; тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови;

56 со ждрепка да им се поделат нив­ните делови – како на многубројните, така и на малубројните.“


Второ пребројување на Левиевото колено

57 А тоа се Левиевите родови, што влегоа во пребројувањето според поко­ленијата свои: од Гирсон – Гирсоновото поколение, од Каат – Каатовото поколение, од Мерариј – Мерариевото поколение.

58 Ова се Левиевите родови: родот Ливниев, родот Хеврониев, родот Мах­лиев, родот Мушиев, родот Кореов. Од Каат се роди Амрам.

59 Името на Амрамовата жена беше Јохевед, ќерка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му ги роди на Амрам Арон, Мојсеј и Мирјам, нивната сестра.

60 На Арон му се родија Надав и Авиу, Елеазар и Итамар;

61 но Надав и Авиу умреа, кога принесоа туѓ оган пред Господ.

62 Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три илјади; тие не беа преброени заедно со синовите израилски, зашто не им беше даден дел меѓу синовите на Израил.


Завршување на пребројувањето

63 Тоа се преброените од Мојсеј и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите израилски во рамнините моав­ски кај Јордан, спроти Ерихон;

64 меѓу нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите израилски во Синајската Пустина;

65 зашто Господ им беше рекол дека тие ќе изумрат во пустината. И никој од нив не остана, освен Јефунеовиот син Халев и Навиновиот син Исус.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy