Online Bible

- Reklamy -

Броеви 2 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Распоред на племињата во логорот

1 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

2 „Синовите израилски треба да лого­руваат секој кај своето знаме со озна­ките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост.

3 Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наа­сон, синот на Аминадав.

4 Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници.

5 По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исаха­ровите потомци Натанаил, синот на Цуар,

6 чија сила е изброена на педесет и че­тири илјади и четиристотини војници.

7 (Понатаму да се смести) племето За­вулоново, и началникот на потомците Завулонови Елијав, синот Хелонов;

8 бројот на неговата војска изнесува педесет и седум илјади и четиристотини војници.

9 Сите изброени во Јудиниот табор се сто осумдесет и шест илјади и четири­стотини војници; тие први да тргнат.

10 Кон југ да бидат распоредени Руви­мовите легиони со војниците свои и на­чалникот на потомците на Рувим Елицур, синот на Шедеур;

11 бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест илјади и петстотини.

12 До него да се настани племето Симеоново, и началникот на потомците на Симеон Шелумиел, синот на Цуришадај;

13 а неговите војници изброени беа педесет и девет илјади и триста.

14 Потоа да се настани племето Гадо­во, и началникот на потомците Гадови Елјасаф, синот на Рагуил;

15 неговата војска беше на број чети­риесет и пет илјади шестотини и педе­сет војници.

16 Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот табор изнесува сто педесет и една илјада четиристотини и педесет војници; тие втори да појдат.

17 Кога ќе се крене скинијата на соб­ранието, таборот на левитите да биде во средината на другите табори. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место и кај своето знаме.

18 Откај запад да биде војската на Еф­ремовиот табор, и началникот на по­томците Ефремови Елишама, синот Амиудов;

19 во неговата војска изброени беа четириесет илјади и петстотини војници.

20 До него да се смести племето Мана­сиево, и началникот на потомците Ма­насиеви Гамалиил, синот на Педацур.

21 Со неговата војска која брои трие­сет и две илјади и двесте војници.

22 Потоа да се смести племето Венија­миново, и началникот на потомците Венијаминови Авидан, синот Гидониев,

23 заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет илјади и четиристотини.

24 Сите изброени војници од Ефремовиот табор се сто осум илјади и сто; тие трети да поаѓаат.

25 Откај север да биде таборот на Дановата војска, и началникот на по­томците Данови Ахиезер, синот на Амишадај;

26 неговата војска, според пребројувањето изнесува шеесет и две илјади и седумстотини војници.

27 А до него да се смести племето Асирово, и началникот на потомците Асирови Пагиил, синот Охранов,

28 заедно со неговите војници на број, четириесет и една илјада и петстотини.

29 (Потаму да се настани) племето Нефталимово, и началникот на потомците Нефталимови Ахира, синот Ена­нов,

30 и неговите педесет и три илјади и четиристотини војници.“

31 Сите, влезени во пребројувањето на Дановиот табор, се сто педесет и седум илјади и шестотини; тие последни да се креваат со знамињата свои.

32 Тоа се изброените синови израил­ски според фамилиите нивни. Сите из­броени во таборите, според четите им, се шестотини и три илјади петстотини и педесет.

33 А левитите не се броени со другите синови на Израил, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

34 И направија синовите израилски сѐ што му беше заповедал Господ на Мојсеј; така се распоредуваа при знамињата свои, и така одеа секој според пле­мето свое и според семејствата свои.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy