Online Bible

- Reklamy -

Броеви 17 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Ароновиот жезол

1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2 „Кажи им на синовите израилски и земи од нив по еден жезол од колено, по еден жезол од секој нивни кнез, дванаесет жезла, и името на секој напиши го на жезолот;

3 Ароновото име напиши го на Левие­виот жезол, зашто тие треба да дадат еден жезол, според племето на нивниот род,

4 и стави ги во скинијата на собранието, пред ковчегот на заветот, каде што ви се јавувам;

5 и кого Јас ќе го одберам, неговиот жезол ќе расцути; и така ќе го отстра­нам незадоволството на синовите изра­илски, што го креваат против вас.“

6 И им рече Мојсеј на синовите на Израил, и сите началници нивни им да­доа, од секој началник по еден жезол, дванаесет жезла, според кнежествата свои и родовите нивни; и Ароновиот жезол беше меѓу жезлата нивни.

7 Тогаш Мојсеј ги постави жезлата пред лицето Господово во скинијата на собранието.

8 На вториот ден влезе Мојсеј (и Арон) во скинијата на собранието, и ете, Ароновиот жезол, од Левиевиот дом, беше напупил, расцветал и родил бадеми.

9 И ги изнесе Мојсеј сите жезла од ли­цето Господово пред сите синови на Израил; и тие го видоа тоа и секој си го зеде својот жезол.

10 И му рече Господ на Мојсеј: „Постави го пак Ароновиот жезол пред ковчегот на заветот да се чува, како опомена за непокорните, па ропотот против Мене да престане и тие да не умираат.“

11 И Мојсеј го направи тоа; како што му заповеда Господ, така направи.


Службата на свештениците и на левитите

12 И му рекоа синовите израилски на Мојсеј: „Ете, ние умираме, гинеме, сите ќе изумреме;

13 секој, кој се приближува кон скинијата Господова, умира: дали ќе изумреме така сите?“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy