Online Bible

- Reklamy -

Амос 7 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Видение на скакулци

1 Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Тој создаде скакулци, кога почна да изникнува доцнежната трева, а тоа беше тревата по царската косидба.

2 И, ете, кога завршија да ја јадат тревата по земјата, реков: Господи Боже, прости, Те молам; како ќе издржи Ја­ков? Тој е многу мал.

3 И Господ се сожали на тоа: „Нема да стане тоа“ – рече Господ.


Видение на оган

4 Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Господ Бог повика оган за суд – и тој проголта голема бездна, проголта и дел од земјата.

5 И реков: Господи Боже, запри те мо­лам: „Како ќе издржи Јаков? Па тој е многу мал.“

6 И Господ се сожали на тоа: „И тоа нема да се збидне“, рече Господ Бог.


Видение на ѕидарска висулка

7 Вакво видение ми откри Господ: еве, Господ стоеше на ѕид и во раката има­ше оловна висулка.

8 И ми рече Господ: „Што гледаш, Амосе?“ Јас одговорив: „Висулка.“ И Господ рече: „Еве ќе ставам висулка меѓу Мојот народ израилски; нема по­веќе да му проштевам.

9 Опустошени ќе бидат жртвениците Исакови и разрушени ќе бидат све­ти­лиштата израилски, и ќе се кренам со меч против домот Јеровоамов.“


Амос и Амасија

10 И Амасија, свештеникот ветилски, порача до израилскиот цар Јеровоам, да му кажат: Амос крева бунт против тебе меѓу домот Израилев; земјата не може да ги трпи зборовите негови,

11 зашто тој вака вели: од меч ќе умре Јеровоам, а Израил бездруго ќе биде од­веден од земјата своја во ропство.

12 И му рече Амасија на Амос: јасно­ви­децу, оди си и насели се во земјата Ју­дина; таму јади леб и таму пророкувај,

13 а во Ветил не пророкувај веќе, заш­то тој е светиња царева и е царски храм.

14 Му одговори Амос и му рече на Амасија: јас не сум пророк и не сум син на пророк; бев пастир и собирав диви смокви.

15 Но Господ ме зеде од овците и ми рече: оди, пророкувај кај Мојот народ Израил.

16 А сега ислушај го словото Гос­по­до­во. Ти велиш: не пророкувај против Из­раил и не кажувај зборови против до­мот Исаков.

17 Затоа, еве, што вели Господ: же­на­та твоја ќе блудствува по градот, си­но­вите твои и ќерките твои ќе паднат од меч, земјата твоја ќе биде разделена со мерно јаже, ти ќе умреш во нечиста земја, а Израил ќе биде одведен од земјата своја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy