Online Bible

- Reklamy -

Амос 5 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Позив за покајание

1 Чујте го ова слово, искажано со плач за вас, доме Израилев.

2 Падна, нема повеќе да стане девицата израилска! Фрлена е на земјата своја, и нема кој да ја крене.

3 Зашто вака вели Господ Бог: град, од кој излегуваат илјадници, ќе остане само со сто, а од кој излегуваат сто, ќе остане само со десет во домот Из­ра­и­лев.

4 Зашто така му вели Господ на домот Израилев: побарајте Ме и ќе бидете жи­ви.

5 Не барајте го Ветил, не одете во Гилгал и не патувајте во Вирсавија, зашто сиот Гилгал ќе појде во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо.

6 Побарајте Го Господа, и ќе бидете живи, за да не се нафрли Тој против до­мот Јосифов како оган, што ќе го проголта, и не ќе има кој да го гасне во Ве­тил.

7 О, вие, што го извртувате правосудството во отров и правдата ја фрлате на земја!

8 Тој ги создал Плејадите и Орион и ја претвора црната темнина во јасно утро, а денот го прави темен како ноќ, ги из­викува морските води и ги разлива по земјата, Јахве е името Негово!

9 Тој испраќа пустош врз силните и врз нивните тврдини.


Изберете добро, а не зло!

10 А тие го мразат оној, кој дели правда пред портите, и се гнасат од оној, кој ја зборува вистината.

11 Па така, затоа што го измачувате сиромавиот и земате од него данок во жито, вие ќе изградите домови од дел­кан камен, но нема да живеете во нив; ќе насадите убави лозја, само вино од нив нема да пиете.

12 Зашто Јас знам колку се многуброј­ни вашите престапи, и колку се тешки вашите гревови; вие сте му непријатели на праведникот, земате поткуп и ги из­вртувате делата на сиромасите во судот.

13 Поради тоа разумниот човек молчи во тоа време, зашто времето е зло.

14 Барајте добро, а не зло, за да ос­та­нете живи – и тогаш Господ Бог Саваот ќе биде со вас, како што велите вие.

15 Мразете го злото, сакајте го доброто и поставете правосудство пред портите; можеби, Господ Бог Саваот, ќе се смилува над остатокот Јосифов.


Казната доаѓа

16 Затоа вака вели Господ Бог Саваот, Седржителот: по сите ваши плоштади ќе има плач, и по сите ваши улици ќе викаат: Оф, оф! И ќе повикаат земјоде­лец да жали и искусни за жални песни, да плачат;

17 и по сите лозја ќе има плач, зашто Јас ќе минам среде тебе, вели Господ.


Кога Господ суди

18 Тешко вам, кои го барате денот Господов! Зошто ви е тој ден Господов? Тој е темнина, а не светлина.

19 Тоа е како некој да бега од лав, па да го сретне мечка, или да дојде дома и се потпре со раката на ѕид, па да го кас­не змија.

20 Денот Господов е мрак, а не светлина, тој е мрак, и во него нема виделина.


Што сака Господ?

21 Ги мразам и ги отфрлувам праз­ни­ците ваши и не ги помирисувам жр­тви­те ваши во времето на вашите прослави во собранијата.

22 Ако ми принесете сепаленица и ле­бен принос, нема да ги примам и нема да погледнам милостиво на благодар­ствената жртва од вашите угоени телиња.

23 Отстрани ја од мене бучавата на твоите песни, зашто звуците на твојата харфа нема да ги слушам.

24 Правдата нека тече како вода, и справедливоста – како силен поток.

25 Зар ми принесувавте жртви и да­рови во лебови во пустината во текот на четириесетте години, доме Израилев?

26 Ќе ги носите Сикут, вашиот цар и Кијун, вашиот бог, ликовите што сами си ги направивте,

27 поради што ќе ве прогонувам зад Дамаск, вели Господ, чие име е Бог Са­ваот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy