Online Bible

- Reklamy -

Плачот 5 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Молитва на угнетениот народ

1 Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види го сра­мот наш!

2 Наследството наше мина на туѓин­ци, куќите наши – на луѓе од други пле­миња;

3 останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици.

4 Водата своја ја плаќаме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари.

5 На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здив­неме.

6 Протегаме рака кон Египќаните и кон Асирците, за да се нахраниме со леб.

7 Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие.

8 Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни.

9 Храната си ја набавуваме со страв – пред мечот во пустината.

10 Од лут глад, кожата ни поцрнела како печка.

11 Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките – во градовите јудејски.

12 Кнезовите ги изобесија со свои ра­це, лицата на старците не ги почитуваа.

13 Момците носеа воденички камења, а децата паѓаа под товари дрва.

14 Старците веќе не седат пред портите; момците не пеат.

15 Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага.

16 Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме!

17 Поради тоа и боледува срцето на­ше; поради тоа и потемнеа очите наши.

18 Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа.

19 Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род.

20 Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време?

21 Врати нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се вратиме; обнови ги деновите наши како во старо време.

22 Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас?

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy