Online Bible

- Reklamy -

Наум 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Лутиот Божји гнев

1 Пророштво за Ниневија; книга за видението на Наум од Елкош.

2 Господ е Бог љубоморен и одмаздник, Господ е страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријате­лите Свои; не ги поштедува ни против­ниците Свои.

3 Господ е бавен на гнев, а силен во моќта, така што не го остава винов­никот без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав под но­зете Негови.

4 Ќе му се закани на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Башан и Кармил, и свенува цветот на Ливан.

5 Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сѐ што живее во неа.

6 Кој може да устои против гневот Негов? И кој може да го издржи пламенот од Неговата јарост? Гневот Не­гов се излива како оган; карпи се рас­паѓаат пред Него.


Моќта на Асирија ќе биде скршена

7 Добар е Господ; Тој е прибежиште во ден на неволја. Тој ги заштитува оние, кои прибегнуваат кај Него,

8 дури и при силни води. Тој ќе ги докрајчи Своите непријатели, ќе ги прогони Своите душмани до најцрната темнина.

9 Што сте намислиле против Господ? Тој ќе стави крај на сѐ, ниеден противник нема повторно да се крене.

10 Зашто, како плот од трње и како од вино пијани, тие ќе бидат наполно проголтани, како сува слама.

11 Од тебе произлезе оној, што смислува зло против Господ, и подготвува нечесен заговор.

12 Вака вели Господ: „Макар што се силни и многубројни, тие ќе бидат исклани и ќе исчезнат; а тебе, иако те казнував, нема веќе да те казнувам.

13 И сега ќе го скршам јаремот што те стега и ќе ги раскинам оковите твои.“

14 А за тебе, Ниневијо, Господ нареди: нема да продолжи родот твој; од домот на твојот бог ќе ги истребам идолите резани и лиени; во него ќе ти направам гроб зашто си безвредна.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy