Online Bible

- Reklamy -

Матеј 25 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Парабола за десетте девојки

1 „Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот.

2 Петте од нив беа мудри, а петте не­ра­зумни.

3 Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло;

4 а мудрите, заедно со светилките, зе­доа во садовите свои и масло;

5 и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.

6 А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пре­че­ка­те!‘

7 Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки.

8 Неразумните, пак, им рекоа на муд­рите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘

9 Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: по­добро одете кај продавачите и купете си!‘

10 А кога тие отидоа да купат, прис­тигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.

11 Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘

12 А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘

13 И така, бидете будни, зашто не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“


Парабола за талантите
( Лк 19,11-27 )

14 „Зашто, Тој ќе постапи како чо­ве­кот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;

15 и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина.

16 Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;

17 и исто така и оној што зеде два та­ланта, спечали други два;

18 а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри па­ри­те на својот господар.

19 По долго време дојде господарот на тие слуги и побара да му поднесат сметка.

20 И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил уште пет.‘

21 Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘

22 Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, ете, со нив спечалив уште два.‘

23 Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘

24 Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си ве­ел,

25 па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘

26 А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел,

27 требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка;

28 земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти;

29 зашто секому, што има, ќе му се да­де и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има;

30 а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“ (Откако го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе.“)


Судниот ден

31 „А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,

32 и ќе се соберат пред Него сите народи, па ќе ги оддели едни од други, како што ги одделува овците од козите;

33 и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.

34 Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ‚Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од по­четокот на светот;

35 зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, стра­нец бев и Ме примивте;

36 необлечен бев и Ме облековте; бо­лен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘

37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?

38 Кога те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме?

39 Кога Те видовме болен, или во зат­вор и Те посетивме?‘

40 А Царот ќе им одговори и ќе рече: ‚Вистина, ви велам: доколку сте го на­правиле тоа за еден од овие Мои најма­ли браќа, за Мене сте го направиле.‘

41 Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‚Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!

42 Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте;

43 странец бев и не Ме прибравте; не­облечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘

44 Тогаш и тие ќе Му одговорат и ре­чат: ‚Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор – не Ти пос­лу­живме?‘

45 Тогаш ќе им одговори и рече: ‚До­колку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали браќа ни за Мене не сте го направиле.‘

46 И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy