Online Bible

- Reklamy -

Матеј 16 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Фарисеите бараат знак
( Мк 8,11-13 ; Лк 12,54-56 )

1 Тогаш пристапија кон Исус фарисеите и садукеите и, иску­шу­вајќи Го, побараа да им покаже чудо од небото.

2 Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ‚ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘;

3 а наутро: ‚денес ќе има невреме, за­што небото е матно.‘ Лицемери, изгледот на небото можете да го распознава­те, а знаците на времињата не можете?

4 Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па оставајќи ги, си замина.


За квасецот на фарисеите
( Мк 8,14-21 ; Лк 12,1-6 )

5 И преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб.

6 Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот фарисејски и садукејски!“

7 А тие помислија во себе и си рекоа: „Тоа е што не зедовме леб!“

8 Но Исус ги разбра и им рече: „Ма­ло­верни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб?

9 Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души, и кол­ку кошеви собравте?

10 Ниту за седумте леба на четири ил­јади души, и колку кошници собравте?

11 Како не разбирате дека не ви зборував за леб: ‚Чувајте се од квасот фа­ри­сејски и садукејски!‘“

12 Тогаш разбраа дека Тој им беше ре­кол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско.


Сведоштвото на Петар
( Мк 8,27-30 ; Лк 9,18-21 )

13 И кога дојде Исус во областа на Ке­сарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „Што велат луѓето, кој е Синот Човечки?“

14 Тие одговорија: „Едни дека е Јован Крстител, други дека е Илија, а некои дека е Еремија или дека е еден од пророците.“

15 А Тој им рече: „А вие, што мисли­те, Кој сум Јас?“

16 Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“

17 Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата.

18 А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.

19 И ќе ти ги дадам клучевите од не­бесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.“

20 Тогаш Исус им заповеда на уче­ниците Свои да не кажуваат никому дека Тој е Христос.


Исус ги навестува Својата смрт и воскресение
( Мк 8,31-33 ; Лк 9,22 )

21 Оттогаш почна Исус на Своите уче­ници да им открива дека Тој треба да отиде во Ерусалим и да пострада многу од старешините, првосвештениците и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне.

22 А Петар Го повлече настрана, поч­на да Му говори, зборувајќи: „Биди ми­лостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!“

23 Но Тој се заврте и му рече на Пе­тар: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто мислиш не за она што е Божјо, туку за она што е човечко!“


Патот за следбениците на Исус
( Мк 8,34–9,1 ; Лк 9,23-27 )

24 Тогаш Исус им рече на учениците Свои: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи;

25 зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде:

26 зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?

27 Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој спо­ред делата негови.

28 Вистина ви велам: тука стојат некои што нема да вкусат смрт додека не Го видат Синот Човечки како доаѓа во царството Свое.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy