Online Bible

- Reklamy -

Матеј 11 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)

1 И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови.


Пратеници од Јован Крстител
( Лк 7,18-35 )

2 А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца свои ученици

3 и му рече: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?“

4 Исус им одговори и рече: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате:

5 слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат; мртви воскреснуваат и на бедните им се проповеда Еван­ге­ли­е­то.

6 И блажен е оној што не се соблазнува поради Мене.“

7 А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот?

8 Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски па­лати се.

9 Па, што излеговте да видите? Про­рок ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк!

10 Зашто тој е оној за кого е на­пи­ша­но: ‚Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое; тој ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘

11 Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крс­тител, но најмалиот во царството не­бес­но е поголем од него!

12 А од деновите на Јован Крстител па до сега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат,

13 зашто сите Пророци и Законот пророкуваа до доаѓањето на Јован.

14 И, ако сте подготвени да го прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде.

15 Кој има уши да слуша, нека чуе!“

16 „А со кого да го споредам овој род? Тој личи на деца што седат по паза­риш­тата, па им довикуваат на своите другари

17 и велат: ‚Ви свиревме и не игравте; ви пеевме жални песни и не плачевте.‘

18 Зашто дојде Јован, кој не јаде, ниту пие, а тие велат: ‚Демон има во Него.‘

19 Дојде Синот Човечки, Кој и јаде и пие, и велат: ‚Еве човек ненаситен и пи­јаница, пријател на цариници и греш­ници.‘ Но мудроста се оправда преку своите дела.“


Грешни градови
( Лк 10,13-15 )

20 Тогаш почна Исус да ги укорува градовите во кои се извршија повеќето Негови чуда, бидејќи не се покајаа.

21 „Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чуда, што станаа кај вас, тие одам­на би се покајале во вреќиште и пепел;

22 но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам!

23 И ти, Капернауме, што си се воз­дигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше.

24 Но ви велам дека на земјата Содом­ска ќе ѝ биде полесно на судниот ден, отколку тебе.“


Исусовиот повик
( Лк 10,21-22 )

25 Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Гос­поди на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!

26 Да, Оче, зашто таква беше вол­ја­та Твоја.

27 Сѐ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Оте­цот; ниту Отецот Го познава некој ос­вен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.

28 Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам.

29 Земете го Мојот јарем на себе и по­учете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за ду­шите ваши.

30 Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy