Online Bible

- Reklamy -

Матеј 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Родословот на Господ Исус Христос
( Лк 3,23-38 )

1 Книга за родословот на Исус Хрис­тос, син Давидов, син Авра­амов.

2 Авраам го роди Исак, Исак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа;

3 Јуда ги роди Фарес и Зара, со Та­ма­ра; Фарес го роди Есром, а Есром го ро­ди Арам;

4 Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Сал­мон;

5 Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Је­сеј;

6 Јесеј го роди царот Давид, а царот Да­вид со поранешната жена на Урија го роди Соломон;

7 Соломон го роди Ровоам; Ровоам го ро­ди Авија, а Авија го роди Аса;

8 Аса го роди Јосафат; Јосафат го ро­ди Јорам, а Јорам го роди Озија;

9 Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија;

10 Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија;

11 Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон.

12 А по вавилонското преселување Је­хонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел;

13 Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор;

14 Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд;

15 Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков;

16 Јаков го роди Јосиф, мажот на Ма­рија, од која се роди Исус, наречен Христос.

17 И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четирина­есет родови; а и од преселувањето вави­лонско до Христос – родови четиринаесет.


Раѓањето на Исус Христос
( Лк 2,1-7 )

18 А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Ма­рија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека е тешка од Све­тиот Дух.

19 А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја напушти.

20 Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

21 Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“

22 А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели:

23 „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“

24 Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше за­по­ве­дал ангелот Господов и ја зеде својата жена.

25 И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот Син и Го нарече Ис­ус.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy