Online Bible

- Reklamy -

Марко 2 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Исус исцелува фатен човек
( Мт 9,1-8 ; Лк 5,17-26 )

1 По неколку дена, Тој пак дојде во Ка­пернаум; и се чу дека е в куќи.

2 Веднаш се собраа мнозина, така што и пред вратата не можеа да се сместат; а Тој им го објавуваше Словото.

3 И дојдоа кај Него со еден фатен, кого го носеа четворица;

4 па, бидејќи не можеа да се прибли­жат до Него од народот, го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Тој и ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот.

5 А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се простуваат гревовите твои!“

6 Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои:

7 „Што хули Овој на Бога? Кој друг може да простува гревови, освен еди­ниот Бог?“

8 Исус, веднаш штом дозна со Својот дух дека тие така мислат во себе, им ре­че: „Зошто го помислувате тоа во срцата свои?

9 Што е полесно да му кажам на фатениот: ‚ти се простуваат гре­во­ви­те‘, или да речам: ‚дигни се, земи ја пос­телката своја и оди‘?

10 Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да ги простува гревовите“ – му рече на фатениот –

11 „Тебе ти велам: стани, земи ја пос­телката своја и оди си дома!“

12 И тој стана веднаш, па, штом ја зеде постелката, се појави пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бо­га, велејќи: „Никогаш вакво нешто не сме виделе!“


Исус го повикува Левиј и ги прифаќа грешниците
( Мт 9,9-13 ; Лк 5,27-32 )

13 И излезе Исус пак покрај морето, и сиот народ доаѓаше кај Него, и Тој ги поучуваше.

14 И кога одеше, го виде Левиј Ал­фе­ев, кој седеше во царинарницата и му рече: „Врви по Мене!“ Тој стана и тргна по Него.

15 А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и многу цариници и грешници; зашто тие беа мно­зи­на и врвеа по Него.

16 Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со цариници и грешници, им рекоа на учениците Не­го­ви: „Зошто Тој со цариници и грешници јаде и пие?“

17 Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните. Не сум дошол да ги по­ви­кам праведниците, туку грешниците (на покајание).“


За постот. Старото и новото
( Мт 9,14-17 ; Лк 5,33-39 )

18 Учениците на Јован и на фарисеите постеа. И приоѓаа некои, па Му велеа: „Зошто учениците Јованови и на фари­се­ите постат, а Твоите ученици не постат?“

19 Исус им рече: „Зар можат свато­ви­те да постат кога младоженецот е со нив!? Додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат;

20 но ќе дојдат дни, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие дни, и тие ќе постат.

21 Никој не крпи стара облека со нова крпа; инаку, новозашиената крпа ќе се отшие од старото, и отворот ќе биде уште поголем.

22 Никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расце­пи мевовите и виното ќе истече, а ме­во­вите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се става во нови мевови.“


За саботниот ден
( Мт 12,1-8 ; Лк 6,1-5 )

23 И Му се случи во саботен ден да ми­нува преку нивјето, и врвејќи, уче­ни­ците Негови почнаа да кинат класје.

24 А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават учениците во сабота тоа, што не треба да се прави?“

25 Но Тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога ог­ладне тој и оние, што беа со него?

26 Како влезе во храмот Божји, во вре­мето на првосвештеникот Авијатар, ги изеде приставените лебови од жрт­ве­ни­кот, што не требаше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние, што беа со него!“

27 Потоа продолжи: „Саботата е соз­да­дена за човекот, а не човекот за саботата.

28 Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy