Online Bible

- Reklamy -

Лука 20 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Исусовата власт
( Мт 21,23-27 ; Мк 11,27-33 )

1 Еден ден, додека Тој го по­учу­ваше народот во храмот и го про­по­ведаше Евангелието, пристапија првосвештениците и книжниците со старешините

2 и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“

3 А Тој им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас еден збор, и кажете ми:

4 Дали крштавањето Јованово беше од небото, или од луѓето?“

5 А тие почнаа да размислуваат и да си зборуваат меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече – Зошто не му по­ве­рувавте?

6 Ако, пак, речеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ затрупа со камења, би­дејќи е уверен дека Јован беше пророк.“

7 Затоа одговорија: „Не знаеме од ка­де е.“

8 Исус им рече: „Ни Јас нема да ви ка­жам со каква власт го вршам тоа.“


Парабола за немилосрдните лозари
( Мт 21,33-46 ; Мк 12,1-12 )

9 И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си зами­на на подолго време.

10 А подоцна испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен.

11 И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го ис­пратија празен.

12 Испрати и трет, а тие и него го ра­нија и го избркаа.

13 Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам свој­от сакан син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘

14 Но лозарите, штом го видоа, си раз­мислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е на­следникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘

15 И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?

16 Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“

17 Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каме­нот што го отфрлија ѕидарите, стана ка­мен темелник‘.

18 Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“


За данокот
( Мт 22,15-22 ; Мк 12,13-17 )

19 И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа пара­бола.

20 И дебнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на поглаварите и на власта управникова.

21 И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш кој е кој, туку вистински поу­чуваш за патот Божји.

22 Позволено ли е да му даваме да­нок на царот или не?“

23 А Тој го разбра нивното лукавство и им рече:

24 „Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одгово­рија: „На царот.“

25 Па им рече: „Дајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“

26 И не можеа да фатат нешто во Не­говите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и за­молк­наа.


Прашање за воскресението на мртвите
( Мт 22,23-33 ; Мк 12,18-27 )

27 Тогаш пристапија некои од са­ду­ке­ите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи:

28 „Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена и да го подигне потомството на својот брат.

29 Си беа седум браќа. Првиот, откако се ожени, умре без деца.

30 Жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца.

31 Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца.

32 По сите нив, умре и жената.

33 При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммината живеела?“

34 Им одговори Исус и рече: „Си­новите од овој свет се женат и мажат;

35 но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат;

36 всушност, тие веќе не можат да ум­рат, затоа што се еднакви со ангелите, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.

37 А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го посведочи и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.

38 А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи.“

39 На тоа, некои од книжниците, ре­коа: „Учителе, добро рече!“

40 И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат.


Месијата и Давид
( Мт 22,41-46 ; Мк 12,35-37 )

41 А Тој им рече: „Како, пак, велат де­ка Христос е син Давидов?

42 Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,

43 додека не ги положам неприја­те­ли­те Твои во подножјето на нозете Твои!‘

44 Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“


Исусовиот суд за книжниците
( Мт 23,1-36 ; Мк 12,38-40 )

45 И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на учениците Свои:

46 „Чувајте се од книжниците што ми­луваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први на гозбите;

47 што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy