Online Bible

- Reklamy -

Лука 17 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


За соблазната
( Мт 18,6-7 . 21-22 ; Мк 9,42 )

1 И им рече Исус на учениците Свои: „Доаѓањето на соблазните е неизбежно, но тешко на оној преку кого доаѓаат;

2 за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фр­лат в море, отколку да соблазни еден од овие помали.

3 Внимавајте на себе. Ако згреши против тебе братот твој, укори го, и ако се покае – прости му.

4 И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ‚Се каам‘ – прости му.“


Моќта на верата
( Мт 17,20 )

5 И Му рекоа апостолите на Господ: „Засили ни ја верата!“

6 А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на онаа црница: ‚Откорни се и пресади се в море!‘ – таа би ве послушала.


Должноста на слугата

7 Кој од вас, кога ќе се врати од поле неговиот слуга, кој орал или чувал ов­ци, веднаш ќе му рече: ‚Дојди бргу и седни на трпеза!‘

8 Нема ли да му каже: ‚Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ме до­дека јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!‘

9 Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не.

10 Па така и вие, откако ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: ‚Ние сме слуги бесполезни, зашто го из­вр­шивме она што бевме должни да го извршиме.‘“


Исус исцелува десетмина лепрозни

11 А кога одеше за Ерусалим, Тој по­минуваше меѓу Самарија и Галилеја.

12 Кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа по­далеку,

13 па со силен глас повикаа: „Исусе Учителе, смилувај се!“

14 Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ И тие, уште додека одеа, се очистија.

15 А еден од нив, кога виде дека е из­лекуван, се врати и Го прослави Бога гласно;

16 и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Са­мар­ја­нин.

17 Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се дру­ги­те девет?

18 Зарем не се најдоа да се вратат и другите и да Му воздадат слава на Бога, туку само овој туѓинец?“

19 И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!“


За доаѓањето на царството Божјо
( Мт 24,23-28 . 37-41 )

20 Запрашан од фарисеите кога ќе дој­де царството Божјо, Тој им одговори: „Царството Божјо нема да дојде преку нешто што може да се забележи,

21 ниту, пак, ќе може да се каже: ‚Еве, овде е‘ или: ‚Еве, онде е‘. Зашто цар­ството Божјо е во вас внатре.“

22 И им рече: „Ќе дојдат дни, кога ќе копнеете да видите еден од деновите на Синот Човечки, и нема да видите:

23 и кога ќе ви речат: ‚Еве Го, овде е‘ или: ‚Еве, онде е‘. – Не одете и не барај­те!

24 Зашто, како што молњата, кога ќе светне од едниот крај на небото го осветлува и другиот, така ќе биде и Си­нот Човечки во Својот ден.

25 Но, најнапред Тој треба многу да пострада и да биде отфрлен од овој род.

26 Како што беше во Ноевите дни, та­ка ќе биде и во деновите на Синот Чо­вечки:

27 јадеа, пиеја, се женеа, се ма­жеа, сѐ до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите.

28 Исто така, како што беше во Ло­то­вите дни: јадеа, пиеја, купуваа, прода­ваа, садеа, ѕидаа;

29 но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите;

30 така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки.

31 Во тој ден, кој е на покрив, а по­куќ­нината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; а кој е в поле, исто така, да не се враќа.

32 Сетете се на Лотовата жена.

33 Кој сака да го спаси својот живот, ќе го погуби; а кој ќе го погуби, ќе го спаси.

34 Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;

35 две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават.“

37 И, кога одговорија, Му рекоа: „Ка­де, Господи?“ А Тој им рече: „Каде што е лешот, таму ќе се соберат и орлите.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy