Online Bible

- Reklamy -

Левитска 3 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Жртва за мир

1 „Но, кога некој принесува жртва за мир, а ја принесува од крупниот добиток, било машко или женско, нека ја принесе пред Господ без недостаток;

2 и нека ја стави раката своја врз главата на жртвата, и нека ја заколе кај влезот во скинијата на собранието, а свештениците, синовите Аронови, нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни.

3 Од жртвата за мир нека Му принесе на Господ принос – лојот што ја обвива внатрешнината и сиот лој по внатрешнината.

4 И обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката што е на црниот дроб: нека ја извади со бубре­зи­те;

5 синовите Аронови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со жртвата сепа­леница, што е врз дрвата, на огнот. Тоа е жртва со благопријатен мирис пред Господ.

6 Ако, пак, Му принесува на Господ жртва за мир од ситниот добиток, машко или женско, нека принесе таква што е без недостаток.

7 Ако јагне принесува како своја жртва, нека го приведе пред Господ;

8 и нека ја стави раката своја врз главата на својата жртва, и нека ја за­коле пред вратата од скинијата на со­б­ранието, а синовите Аронови нека го попрскаат жртвеникот со крвта нејзина наоколу.

9 Потоа од жртвата за мир нека го принесе како жртва на Господ и лојот, целата опашка до грбот, сиот лој што ја обвива внатрешнината и сета маст во внатрешнината,

10 и обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката околу црниот дроб: сето тоа заедно со буб­резите нека го оддели;

11 свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот; тоа е храна на огнот – принос на Господ.

12 Ако, пак, принесува жртва на Гос­под од козите, нека ја претстави пред Господ,

13 и нека ја стави раката своја врз главата нејзина, па нека ја заколе пред скинијата на собранието, а синовите Аронови нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни.

14 Од неа нека Му го принесе на Гос­под како принос и лојот, што ја обвива утробата и сиот лој во неа,

15 и обата бубрега, и сиот лој што е околу нив, што е по слабините, и ко­шулката на црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го оддели.

16 А свештеникот нека го изгори врз жртвеникот; тоа е храна на огнот – благопријатен мирис на Господ; сиот лој е за Господ.

17 Тоа нека е вечен закон за сите ваши поколенија, во сите ваши живеалишта: никаков лој и никаква крв да не јадете.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy