Јоил 3 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)Господовите чуда за иднината 1 „И, ете, потоа ќе излеам од Мојот Дух врз секое тело, и синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат; старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија. 2 А и врз слугите и слугинките во оние денови ќе излеам од Мојот Дух. 3 И ќе покажам знаци на небото и на земјата: крв, оган и столбови од дим. 4 Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината – во крв, пред да настапи денот Господов, великиот и страшниот. 5 Тогаш секој, што ќе го призовува името Господово, ќе се спаси; бидејќи на гората Сион и во Ерусалим ќе има спасение, како што вели Господ, а меѓу преживеаните ќе бидат оние што ќе ги повика Господ.“ |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
Macedonian Bible Society