Online Bible

- Reklamy -

Јаков 3 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Внимавај на јазикот

1 Не барајте, браќа мои, мнозина да станете учители, зашто знаете дека поголемо осудување ќе добиеме.

2 Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело.

3 Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно те­ло.

4 Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака;

5 а така и јазикот е мал орган, но го­леми работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува;

6 и јазикот е оган, свет полн со не­правда; јазикот се наоѓа во таква по­ложба меѓу нашите органи, што го ос­квернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот.

7 Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род,

8 а јазикот никој не може да го скро­ти: тој е немирно зло и полн со смрто­носен отров.

9 Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо.

10 Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде.

11 А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода?

12 Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Та­ка, од еден ист извор не може да тече солена и слатка вода.


Мудроста озгора и земната мудрост

13 Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост.

14 Но, ако во срцата свои имате гор­члива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината:

15 тоа не е мудрост која доаѓа озгора, туку земна, душевна, бесовска;

16 зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и сѐ е лошо.

17 А мудроста, што иде озгора, е најнапред чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри пло­до­ви, непристрасна и нелицемерна.

18 Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy