Online Bible

- Reklamy -

Евреите 8 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Исус е нашиот Првосвештеник

1 А најважното од ова што го збо­руваме, е дека имаме таков Прво­свештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата,

2 и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек.

3 Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа бе­ше потребно и Тој да има што да прине­се.

4 Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свеш­теници што принесуваат дарови по За­конот

5 и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше ски­нијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше по­ка­жан на планината.“

6 А сега Тој доби толку подобра служ­ба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.


Промена на Заветот

7 Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара втор.

8 Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат денови, вели Господ, и со домот Из­ра­елов и со домот Јудин ќе склучам нов завет,

9 но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.

10 Но овој е заветот што ќе му го да­дам на домот Израелов во оние дни, ве­ли Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

11 И ниеден нема да го учи својот бли­жен, и ниеден братот свој: ‚Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат,

12 бидејќи ќе бидам милостив кон нив­ните неправди, а за гревовите и беззако­нијата нивни нема веќе да си спомнувам.“

13 А кога вели „нов завет“, првиот го направи застарен; а она што е старо и застарено, близу е до исчезнување.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy