Online Bible

- Reklamy -

Евреите 2 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Нашето спасение

1 Затоа треба да бидеме нарочно внима­телни кон она што го чувме за да не отпаднеме некако.

2 Зашто, ако реченото слово преку ан­гелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна казна,

3 како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме такво големо спасение кое, најнапред проповедано од Господ, се потврди од оние што го беа чуле од Него,

4 кога и Бог им го потврди сведош­тво­то со знаци и чудеса, со разни силни де­ла и со раздавање дарови преку Светиот Дух по Негова волја.


Предводникот на нашето спасение

5 Зашто Бог не им ја потчини на анге­лите идната вселена за која зборуваме,

6 туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него?

7 Си го направил за кратко малку по­долен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;

8 сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му ос­тави непотчинето; но сега уште не гле­даме дека сѐ му е потчинето.

9 А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.

10 Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во слава, преку страдања да го усоврши Зачетникот на нивното спасение.

11 Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и за­тоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:

12 „Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“

13 И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“

14 А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;

15 па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.

16 Зашто јасно е дека Тој не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авра­амовите потомци;

17 затоа Тој мораше во сѐ да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот.

18 Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy