Естира 10 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)Завршниот триумф на Мардохеј 1 Потоа царот Ксеркс ѝ наметна данок на земјата и на морските острови. 2 Сите дела на силата негова и моќта негова и подробниот приказ за големината на Мардохеј, со која царот ги возвеличи, се запишани во книгата за дневни белешки на мидиските и персиските цареви, 3 како и тоа дека Јудеецот Мардохеј беше втор по царот Ксеркс, велик кај Јудејците и љубен од многу свои браќа, зашто му го мислеше доброто на својот народ и говореше за доброто на целото свое племе. |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
Macedonian Bible Society