Online Bible

- Reklamy -

Броеви 23 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)

1 Тогаш Валаам му рече на Валак: „Изгради ми овде седум жртве­ници и приготви ми седум телиња и седум овни.“

2 Валак направи така, како што рече Валаам; и принесоа Валак и Валаам по едно теле и по еден овен на секој жртвеник.

3 И му рече Валаам на Валак: „Заста­ни при својата сепаленица, а јас ќе појдам; можеби ќе се јави Господ пред мене, и што ќе ми открие, ќе ти ка­жам.“ И замина на осамено место.

4 И му се јави Бог на Валаам, а Ва­лаам Му рече: „Јас подигнав седум жрт­веници и принесов по едно теле и по еден овен на секој жртвеник.“

5 И му вложи Господ збор во устата на Валаам и рече: „Врати се при Валак и речи вака.“

6 И се врати при него, а тој стоеше при својата сепаленица, тој и сите моавски кнезови.

7 И ја изусти оваа своја песна: „Од Арам ме натера Валак да дојдам, од источните планини царот моавски ме повика: дојди, проколни ми го Јаков, и дојди, проколни ми го Израел!

8 Како да проколнам некого кога Бог не го проколнува? Како да прокажам некого кога Бог не прокажува?!

9 Од врвот на карпите го гледам, од ридовите го набљудувам: ете народ кој живее осамен и не се вбројува меѓу на­ро­дите.

10 Кој ќе го изброи семето на Јаков и кој ќе го пресмета бројот на народот израелски. Да умре душата моја, како што умираат праведниците, и крајот мој да биде како нивниот!“

11 И му рече Валак на Валаам: „Што ми направи? Јас те повикав да ги про­колнеш непријателите мои, а пак ти, ете, ги благословуваш.“

12 Тој одговори и рече: „Не требаше ли да го кажам токму она што Господ го вложи во устата моја?“


Втор благослов на Валаам

13 И Валак му рече: „Дојди со мене на друго место, од каде што ќе видиш, но само дел од него ќе видиш, а нема це­лиот да го видиш; и проколни ми го оттаму.“

14 И го одведе на едно стражарско место на врвот од Фазга, и изгради таму седум жртвеници, и принесе по едно теле и по еден овен на секој жртвеник.

15 И му рече Валаам на Валак: „Стој тука при сепаленицата своја, јас, пак, ќе одам понатаму да чекам.“

16 И го сретна Бог Валаам, и му вло­жи слово во устата негова, па рече: „Врати се кај Валак и кажи му така.“

17 И се врати кај него, а тој стоеше при својата сепаленица, а заедно со него и сите моавски кнезови. И му рече Ва­лак: „Што вели Господ?“

18 Тој го започна своето кажување и рече: „Стани Валак, слушај и внимавај, сине Ципоров!

19 Бог не е човек, та да се колеба, ниту е син човечки, па да се изменува. Што ќе каже, па да не го изврши, или што ќе рече, па да не се збидне?

20 Ете, доведен сум да благословувам: ќе благословувам, и никако поинаку.

21 Не се гледа мака кај Јаков, и не се гледа несреќа во Израел; Господ Бог е со него, и борбениот царски повик е со него.

22 Бог го изведе од Египет: тој е брз како еднорог:

23 нема магии кај Јаков, нема вол­шепства во Израел; некогаш ќе речат за Јаков и за Израел: ете што направи Бог!

24 Ете, еден народ се подигна како лавица и се исправи како лав; нема да легне, додека не го изеде пленот свој и додека не се напие од крвта на победе­ните.“

25 И му рече Валак на Валаам: „Ни со клетва не го проколнувај, ни со бла­гослов не го благословувај.“


Трет благослов на Валаам

26 И одговори Валаам и му рече на Валак: „Нели ти реков – што ќе рече Гос­под, тоа и ќе го извршам.“

27 И му рече Валак на Валаам: „Дојди, ќе те одведам на друго место; ќе Му биде секако угодно на Бога, и оттаму ќе ми го проколнеш.“

28 И го поведе Валак Валаама на вр­вот од Фегор што се протега спрема пустината.

29 И му рече Валаам на Валак: „Из­гради ми овде седум жртвеници и при­готви ми седум телиња и седум овни.“

30 И Валак направи, како што му рече Валаам, и принесе по едно теле и по еден овен на секој жртвеник.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy