Online Bible

- Reklamy -

Броеви 2 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Распоред на племињата во логорот

1 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

2 „Синовите израелски треба да лого­руваат секој кај своето знаме со озна­ките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост.

3 Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наасон, синот на Аминадав.

4 Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници.

5 По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаро­вите потомци Натанаил, синот на Цуар,

6 чија сила е изброена на педесет и четири четиристотини војници.

7 Понатаму племето Завулоново, и началникот на потомците Завулонови Елијав, синот Хелонов;

8 бројот на неговата војска изнесува педесет и седум илјади и четиристотини војници.

9 Сите изброени во Јудиниот табор се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини војници; тие први да тргнат.

10 Кон југ да бидат распоредени Руви­мовите легиони со војниците свои и началникот на потомците на Рувим Ели­цур, синот на Шедеур;

11 бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест илјади и петстотини.

12 До него да се настани племето Симеоново, и началникот на потомците на Симеон Шелумиел, синот на Цури­шадај;

13 а неговите војници изброени беа педе­сет и девет илјади и триста.

14 Потоа да се настани племето Гадо­во, и началникот на потомците Гадови Елјасаф, синот на Рагуил;

15 неговата војска беше на број четириесет и пет илјади шестотини и педесет војници.

16 Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот табор изнесува сто педесет и една илјада четиристотини и педесет војници; тие втори да појдат.

17 Кога ќе се крене скинијата на собранието, таборот на левитите да биде во средината на другите табори. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место и кај своето знаме.

18 Откај запад да биде војската на Ефремовиот табор, и началникот на потомците Ефремови Елишама, синот Амиудов;

19 во неговата војска изброени беа четириесет илјади и петстотини војници.

20 До него да се смести племето Манасиево, и началникот на потомците Манасиеви Гамалиил, синот на Педа­цур.

21 Со неговата војска која брои триесет и две илјади и двесте војници.

22 Потоа да се смести племето Вени­јаминово, и началникот на потомците Венијаминови Авидан, синот Гидониев,

23 заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет илјади и четиристотини.

24 Сите изброени војници од Ефре­мо­виот табор се сто осум илјади и сто; тие трети да поаѓаат.

25 Откај север да биде таборот на Да­но­вата војска, и началникот на потомците Данови Ахиезер, синот на Ами­шадај;

26 неговата војска, според пребројувањето изнесува шеесет и две илјади и седумстотини војници.

27 А до него да се смести племето Асирово, и началникот на потомците Асирови Пагиил, синот Охранов,

28 заедно со неговите војници на број, четириесет и една илјада и петстотини.

29 Потаму племето Нефталимово, и началникот на потомците Нефтали­мо­ви Ахира, синот Енанов,

30 и неговите педесет и три илјади и четиристотини војници.“

31 Сите, влезени во пребројувањето на Дановиот табор, се сто педесет и седум илјади и шестотини; тие последни да се креваат со знамињата свои.

32 Тоа се изброените синови израел­ски според фамилиите нивни. Сите изброени во таборите, според четите им, се шестотини и три илјади петстотини и педесет.

33 А левитите не се броени со другите синови на Израел, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

34 И направија синовите израелски сѐ што му беше заповедал Господ на Мој­сеј; така се распоредуваа при знамињата свои, и така одеа секој според племето свое и според семејствата свои.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy