Online Bible

- Reklamy -

Амос 6 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Израел ќе биде казнет

1 Тешко им на оние што се опуштиле во Сион и на оние што се чувствуваат сигурни на Гората Самарјанска, кои се првенци во народот, и при кои доаѓа домот Израелов!

2 Минете во Калне и видете, оттаму одете во Великиот Хамат и спуштете се во Гет филистејски: зар вие сте подобри од овие царства? Нели се пошироки нивните предели од вашите предели?

3 Тешко вам, кои сметате дека е да­леку злочестиот ден, а правите да се приближи власта на насилството,

4 вие, кои лежите на легла од слонова коска и се оптегате на постелите свои, вие, кои јадете најдобри овни од стадото и телиња од богато пасиште,

5 вие, кои врескате по звукот на хар­фа, мислејќи дека свирите како Давид,

6 вие, кои пиете вино од врчви, се мачкате со најдобри масла и не ве боли срцето за пропаста на Јосиф!

7 Затоа сега вие ќе појдете први во ропство пред заробените, и ќе се заврши ликувањето на разнежените.

8 Се колне Господ Бог Сам во себе и вака вели Господ, Бог Саваот: се гнасам од гордоста на Јаков и ги мразам двор­ците негови, и ќе го предадам градот и сѐ, што го исполнува.

9 И, ако во некоја куќа останаа десет души, и тие ќе умрат.

10 Ќе ги земе роднината нивни, за да ги изнесе коските нивни од куќите, па ќе го прашаат оној, кој стои пред ку­ќата: „Има ли уште некого?“ Тој ќе одговори: „Нема никого“. И овој ќе рече: „Молчи, зашто не бива да се спомнува името Господово.“

11 Зашто, ете, Господ ќе даде заповед и ќе ги сосипе големите куќи на парчиња, а малите на остатоци.

12 Трчаат ли коњите по карпа? Може ли морето да се изора со волови? Вие, пак, го превртувате правосудството во отров, а плодот на правдата – во горчина;

13 вие, што се восхитувате од ништо и од никакви работи и велите: „Зар не спечаливме со силата на својата моќ?“

14 Еве, Јас, вели Господ Бог Саваот, ќе подигнам народ против вас, доме Израелов и ќе ве угнетуваат од влезот во Емат до потокот во рамнината.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy