Online Bible

- Reklamy -

Амос 2 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Казна за Моав

1 Вака вели Господ: за трите престапи на Моав, и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги изгоре кос­ките на царот едомски во вар.

2 Па ќе пратам оган врз Моав, и тој ќе ги проголта дворците на Кериот, и ќе загине Моав во метеж со викотница, при трубен звук.

3 И ќе го истребам владетелот негов и ќе ги убијам сите кнезови негови заедно со него, вели Господ.


Казна за Јудејците

4 Така вели Господ: за трите престапи на Јуда и за четири нема да го поште­дам, заради тоа што го отфрлија зако­нот на Господ и наредбите Негови не ги запазија; и идолите, по кои одеа татков­ците нивни, ги заведоа.

5 И ќе испратам оган врз Јуда, и тој ќе ги проголта дворците ерусалимски.


Казна за Израелците

6 Така вели Господ: за трите престапи на Израел и за четири нема да го пош­тедам, бидејќи тие продаваат праведник за пари, и сиромав за чифт сандали.

7 Газат врз главите на сиромасите, и ги туркаат сиротите од патот; дури татко и син одеа при иста жена, за да го бесчестат Моето свето име.

8 При секој жртвеник лежат врз облеки, земени во залог, и вино изнудено од обвинети, пијат во домот на својот Бог.

9 Но Јас ги истребив пред нив Амо­рејците, чија височина беше како висо­чината на кедар, и кој беше јак како даб; Јас го уништив и плодот негов го­ре, а и коренот негов долу.

10 Вас, пак, ве изведов од земјата еги­петска и ве водев по пустината четири­есет години, за да ја наследите земјата аморејска.

11 Од синовите ваши избирав луѓе за пророци и од младинците ваши – за на­зири; зар не е така синови израелски? – вели Господ.

12 А вие ги поевте назирите со вино и на пророците им заповедавте: не пророкувајте.

13 Еве, Јас ќе ве притегнам, како што се стега кола, натоварена со снопја,

14 и брзиот не ќе има сила за бегање, ни јакиот да издржи и храбриот да го спаси животот свој.

15 Ни стрелец нема да се додржи, ниту брзиот ќе избега, ниту пак оној на коњ ќе го спаси животот свој.

16 И најхрабриот од храбрите во оној ден ќе избега гол, вели Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy