Online Bible

- Reklamy -

Агеј 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Прекор поради неѕидање на храмот

1 Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, на првиот ден од месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј до Зоровавел, синот на Салатиил, управител на Јудеја, и до Исус, синот Јоседеков, првосвештени­кот.

2 Вака вели Господ Саваот: „Овој на­род говори: Уште не е дојдено времето, не е време сега да се гради дом Госпо­дов.“

3 И дојде слово Господово преку пророкот Агеј, велејќи:

4 „А за вас време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е свети­лиштето запустено?“

5 Затоа сега вака вели Господ Саваот: „Преиспитајте ги своите патишта!

6 Вие сеете многу, а собирате малку; јадете, а не се заситувате; пиете, а не се напивате; се облекувате, но не се стоп­лувате; оној што печали пари, ги става во дупнато ќесе.“

7 Така вели Господ Саваот: „Преиспи­тајте ги своите патишта!

8 Качете се на планината, донесете дрвја и градете го храмот, и тоа ќе Ми биде угодно, па ќе се прославувам, вели Господ.

9 Очекувавте многу, а излегува малку, и што ќе внесете дома, тоа Јас го разнесувам. Зошто? – вели Господ Саваот: Затоа што домот Мој е запустен, додека секој од вас се грижи за домот свој.

10 Па поради тоа небото се затвори и не ви дава роса и земјата не ви дава плодови.

11 Затоа повикав суша врз земјата, врз горите, врз житото, врз гроздовите, врз маслото и врз сѐ што се раѓа од земјата, и врз човекот и врз добитокот, и врз секој ваш труд.“

12 И Зоровавел, синот на Салатиил, и Исус, синот на Јоседек, и сиот друг народ го послуша гласот на Господ, својот Бог, а и зборовите на пророкот Агеј, како гласник на нивниот Господ Бог, и народот се подуплаши од Господ.

13 Тогаш Агеј, гласникот Господов, испратен од Господ, му рече на народот: „Јас сум со вас“ – вели Господ.

14 И Господ го подигна духот на Зоро­вавел, синот на Салатиил, управителот на Јудеја, духот на Исус, синот Јосе­деков, првосвештеникот, и духот на сиот друг народ – и тие дојдоа и почнаа да го градат домот на Господ Саваот, својот Бог;

15 а тоа стана во дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на царот Дариј.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy