Online Bible

- Reklamy -

Римјаните 4 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990


Оправдувањето преку вера се потврдува со примерот Авраамов и сведоштвото на Давида.

1 Па што да кажеме за нашиот отец Авраама, што добил по плот?

2 Ако Авраам се оправда со дела, тој има пофалба, но не пред Бога.

3 Оти, што вели Писмото? – »Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание.«

4 На оној што работи платата му следува не по милост, туку по долг.

5 Напротив, оному, кој што не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, верата му се прима како оправдание.

6 Така и Давид го наречува оној човек блажен, кому Бог му прима оправдание без дела по Законот, велејќи:

7 Блажени се оние, чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;

8 блажен е оној човек, кому Бог нема да му прими за грев!

9 Ова блаженство, пак, за обрезание ли е или за необрезание? Бидејќи велиме дека на Авраама му беше примена верата како оправдание.

10 Кога му се прими: по обрезанието или пред обрезанието? Не по обрезанието, туку пред обрезанието.

11 И знакот на обрезанието тој го доби како печат на оправдување преку верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним да им се прими како оправдување,

12 и татко на обрезаните, но не на оние, кои обрезанието само го примиле, туку кои и врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, кој ја имаше пред обрезанието.

13 Бидејќи ветувањето кон Авраама или кон семето негово – да биде наследник на светот, се даде не преку Законот, туку преку оправдување со посредство на верата.

14 Ако приврзаниците на Законот се наследници, верата е обессилена, и ветувањето уништено;

15 оти Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престапување.

16 Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нам

17 според напишаното: »Те поставив татко на многу народи« – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го вика она што не е како да е.

18 Авраам, без никаква основа за надеж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: »Такво ќе биде твоето потомство.«

19 И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе умртвено, оти беше тукуречи стогодишен, и дека утробата Сарина е веќе во умртвување;

20 и во ветувањето Божјо не се посомни со неверие, туку остана тврд во верата, и Го прослави Бога,

21 наполно уверен дека Он е силен и да го изврши она, што го ветил.

22 Затоа тоа му се прими како оправдание.

23 Но, не само за него е напишано дека му се прими,

24 туку и за нас: ќе ни се прими, ако веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса Христа, нашиот Господ,

25 предаден за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016

© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy