Проповедник 11 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990За делата на милосрдноста. Суета се и детството и младоста. 1 Пуштај го лебот свој по водите, зашто по многу дни пак ќе го најдеш. 2 Давај дел на седум души, и дури на осум, зашто не знаеш, какво зло ќе настане на земјата. 3 Кога ќе се наполнат облаците, излеваат дожд на земјата; и ако едно дрво падне кој југ или кон север, тоа си останува таму, каде што и паднало. 4 Кој го набљудува ветрот, нема да сее, и кој гледа во облаците, нема да жнее. 5 Како што не ги знаеш патиштата на ветрот, ниту како настануваат коските во утробата на бремена жена, така не можеш да ги знаеш ни делата на Бога, Кој создава сѐ. 6 Изутрина сеј го семето и навечер нека ти мируваат рацете твои, зашто не знаеш, едното, или другото повеќе ќе успее, или едното и другото ќе бидат еднакво добри. 7 Слатка е светлината, и пријатно е за очите да гледаш сонце. 8 Ако човек проживее и многу години, нека се весели во текот на сите нив и нека си спомнува за темните дни, какви што ќе ги има многу: но сѐ што ќе биде, ќе биде суета! 9 Весели се во младоста своја, момче, и срцето твое да вкусува радост во дните на твојата младост; и оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат; само знај, дека за сето тоа Бог ќе те изведе на суд. 10 Гони ја скрбта од срцето свое и отстранувај го злото од телото свое, зашто детството и младоста се суета! |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
Macedonian Bible Society