Плачот 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990Молитва на угнетениот народ. 1 Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види ја поругата наша! 2 Наследството наше мина на туѓинци, куќите наши – на луѓе од други племиња; 3 останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици. 4 водата своја ја пиеме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари. 5 На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здивнеме. 6 Протегаме рака кон Египтјаните, кој Асирците, за да се нахраниме со леб. 7 Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие. 8 Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни. 9 Лебот го добиваме со страв – пред мечот во пустињата. 10 Кожата ни поцрнела како печка од лут глад. 11 Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките – во градовите јудејски. 12 Кнезовите ги изобесија со свои раце, лицата на старците не ги почитуваа. 13 Младичите носеа рачници, а децата паѓаа под товари дрва. 14 Старците веќе не седат пред портите; младичите не пеат. 15 Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага. 16 Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме! 17 Поради тоа и чезнее срцето наше; поради тоа и потемнеа очите наши. 18 Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа. 19 Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род. 20 Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време? 21 Обрни нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се обрнеме; обнови ги деновите наши како во старо време. 22 Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас? |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
Macedonian Bible Society