Осија 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990Идолопоклонство кај Израилот и казна. 1 Слово Господово што беше упатено до Осија, во деновите на јудејските цареви Озија, Јоатама, Ахаза, Језекија и во деновите на Израилскиот цар Јеровоам, синот Јоасов. 2 Почеток на словото Господово до Осија. Му рече Господ на Осија: »Оди и земи жена блудница, па роди деца во блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господа.« 3 И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаима, која зачна и му роди син. 4 Тогаш Господ му рече: »Стави му има Језраел, зашто уште малку и Јас ќе му се одмаздам на Јујневиот дом за крвта пролеана во Језраелот и ќе го укинам царството на Израилот, 5 и во тој ден ќе го поразам лакот на Израилот во долината Језраел.« 6 Таа пак зачна и роди ќерка, и Он му рече: »Именувај ја Лорухама, зашто Јас веќе нема да го помилувам домот Израилев, и да им проштевам. 7 А домот Јудин ќе го помилувам и ќе ги спасам преку нивниот Господ Бог, не со лак, ниту со меч, ни со војска, ниту со коњи и коњаници.« 8 Потоа, откако ја одби од доење, одново зачна и роди син. 9 И му рече Он: »Наречи го со името Лоам, зашто вие не сте Мој народ, и Јас нема да бидат ваш Бог. 10 Но бројот на синовите Израилеви ќе биде како песокта морска, кој не ќе може ни да се измери ниту да се изброи; и место да им речат – вие не сте Мој народ – ќе им се рече – вие сте синови на живиот Бог. 11 И ќе се соберат синовите Јудини и синовите Израилеви заедно и ќе си постават еден старешина и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Језраелот.« |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
Macedonian Bible Society