Online Bible

- Reklamy -

Левитска 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990


Првата жртва Аронова оган ја изгорува.

1 А во осмиот ден ги повика Мојсеј Арона и синовите негови и старешините Израилеви,

2 па му рече на Арона: »Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, без недостаток и принеси ги пред Господа.

3 И на старешините Израилеви им рече, велејќи: земете козел поради грев од козите ваши, и по еден овен, теле и јагне, едногодишни, принос, без недостаток,

4 а и теле од говедата, и овен жртва за спасение пред Господа, и брашно пченично испржено со елеј, бидејќи денес ќе ви се јави Господ на вас.«

5 Задоа си како што им заповеда Мојсеј, и сето тоа го донесоа пред скинијата на сведоштвото; се собра целиот народ, па застана пред Господа.

6 Им рече Мојсеј: »Направете го она што го заповеда Господ, и во си ќе се покаже славата Господова.«

7 Му рече Мојсеј на Арона: »Пристапи до жртвеникот и принеси жртва за гревот твој и твојата жртва сепаленица, помоли се за себе и за домот свој, и принеси жртва за народот и помоли се за нив, како што заповеда Господ.«

8 Тогаш пристапи Арон до жртвеникот и закла теле поради својот грев,

9 и принесоа синовите Аронови крв до него, и тој го натопи прстот свој во крвта и стави од неа на роговите од жртвеникот, а остатокот од крвта го изли во подножјето на жртвенкот;

10 лојот и обата бубрега, и кошулката на селзината, ги постави врз жртвеникот поради својот грев, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја;

11 месото, пак, го изгори надвор од логорот.

12 Потоа закла жртва сепаленица, и синовите Аронови му поднесоа од крвта нејзина, а тој ја изли на жртвеникот одозгора наоколу;

13 му ја донесоа и жрвата сепаленица во делови; сето тоа, и главата, ги изгори на жртвеникот,

14 а утробата и нозете ги изми со вода, и ги стави врз жртвеникот заедно со жртвата сепаленица.

15 Потоа тој принесе дар од народот; зеде козел поради гревот на народот, го закла, го очисти како и првиот

16 и го принесе како жртва сепаленица, и го изврши тоа според заповедите како што треба.

17 А принесе и жртва и ги наполни рацете со неа, и ја постави на жртвеникот, па врз утрената сепаленица ја изгоре и неа на жртвеникот.

18 А закла и теле и овен како жртва за спасение на народот, и синовите Аронови му принесоа од крвта нивна, и тој ја изли врз жртвеникот одозгора наоколу;

19 а лојот од телето и бедрата од овенот, и лојот што ја покрива утробата, и обата бубрега, и лојот од нив, како и мрежичката од слезината ги извади,

20 па го стави лојот врз градите, и го вознесе лојот на жртвеникот;

21 градите, пак, и десната плешка ги зеде Арон како учест пред Господа, како што му заповеда Господ на Мојсеја.

22 Потоа ги подигна Арон рацете кон народот и го благослови, па потоа слезе, откако принесе жртва поради гревот и жртва сепаленица, како и жртва за спасение.

23 А Мојсеј и Арон влегоа во скинијата на сведоштвото, па излегоа и го благословуваа целиот народ и им се јави славата Господава над сите луѓе:

24 и се јави оган од Господа и изгоре над жртвеникот си – и сепалениците, и лојот; а народот, кога го виде тоа, се уплаши многу и падна ничкум на земјата.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016

© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy