Левитска 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990Наредба за родилките. 1 И му рече Господ на Мојсеја, велејќи: 2 »Кажи им на синовите Изрилеви и речи им – кога жената ќе забремени и роди машко дете, нечиста ќе биде седум дена, како во деновите на природното очистување свое, така ќе биде нечиста. 3 А во осмиот ден нека му се обреже на детето крајниот дел. 4 А таа нека остане уште триесет и три дена чистејќи се од крвта; до ништо свето да не се допира и да не влегува во светилиштето си додека не изминат деновите не нејзиното чистење. 5 А ако роди женско дете, тогаш нечиста да е четиринаесет дена, како во времето на природното чистење, и шеесет и шест дена нека остане, чистејќи се од крвта на својата нечистотија. 6 И кога ќе се навршат деновите на чистењето нејзино, тогаш заради синот или заради ќерката нека донесе при свештеникот пред скинијата на сведоштвото јагне без недостаток, едногодишно – жртва сепаленица или гулапче или грлица како жртва поради грев. 7 И свештеникот нека ја принесе пред Господа и да се помоли за неа, и така ќе ја очисти од течењето на крвта нејзина. Тоа е закон за жената што ќе роди машко или женско дете. 8 Ако не е во можност да донесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња, едното како жртва сепаленица, а другото поради жртва за грев; ќе се помоли за неа свештеникот, и таа ќе се очисти.« |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
Macedonian Bible Society