Online Bible

- Reklamy -

Исход 35 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990


Саботата. Приноси. Повикување на Веселеил и Елијав.

1 Потоа го собра Мојсеј целото општество на синовите Израилеви, и им рече: »Еве што заповеда Господ да правите:

2 шест дена да се работи, и седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, почивка на Господа; секој што ќе работи во тој ден, со смрт да се казни;

3 во ден саботен да не палите оган нигде во жилиштата ваши, Јас сум Господ.«

4 И уште му рече Мојсеј на целото општество на синовите Израилеви: »Еве што заповеда Господ:

5 соберете помеѓу вас принос на Господа, секој што од срце дава, нека донесе принос, добороволно нека принесе принос на Господа; злато, сребро и бакар.

6 сина, црвена и темноцрвена ткаенина, двојно предена, висон ткаен и козина;

7 и кожи овнешки, црвени, кожи сини и дрво ситим;

8 масло за светење, и мириси за елеј за помазание и мирисно кадило;

9 и камен сардиски, и камења за украсување на ефодот и за наградникот.

10 И сите, кои се меѓу вас мудри по срце, нека дојдат да направат си што заповедал Господ:

11 Скинијата, завесите и покривот негов, кукичките негови и штиците, напречниците негови, столбовите негови и подножјата негови;

12 и ковчегот на сведоштвото, и столбовите негови, и завестата на дворот и столбот негов, и камењата смарагдови и мирис.

13 Трпезата и лостовите нејзини, и лебовите за принос; и жртвеникот и сите сосуди нејзини;

14 светилникот за осветление со приборот негов и кадилата негови, и масло за осветление;

15 и кадилниот жртвеник, и лостовите негови, и елеј за помазание, и кадило миризливо, и завесата на вратата од скинијата;

16 жртвеникот за сепаленици, и огништата негови од бакар, лостовите негови и сите сосуди за него, и мијалникот и подножјето негово.

17 Завесите за дворот, столбовите негови и подножјата нивни, и завесите од вратата на дворот;

18 ковчезите за скинијата, и колчињата за дворот со јажињата нивни;

19 одеждите свети за служба во светилиштето, и светите одежди на свештеникот Арон, и одеждите на синовите негови за свештеничка служба, и елејот за помазание и кадило миризливо.«

20 Потоа целото општество на синовите Израилеви се повлече од Мојсеја.

21 И секој, кој принесе што му срце сакаше срцето го влечеше и душата го поттикнуваше, доаѓаше, носејќи принос на Господа – учеството за градење на шаторот на садови, за секоја служба во него и за сите одежди на светилиштето;

22 доаѓаа мажи и жени; сите, што срцето ги влечеше, принесуваа печати, алчиња, обетки, прстења и веришки, секакви златни работи; секој, кој сакаше, принесуваше злато на Господа;

23 и секој, кој имаше сина, црвена и темноцрвена ткаенина и висон ткаен, кожи овнешки, црвени, и кожи сини, кожи козји принесуваа;

24 и секој, кој донесуваше сребро или туч, Му Го принесуваше како дар на Господа; и кој имаше дрво ситим, го принесуваше за секоја потреба.

25 А секоја жена, мудра и вешта во рачно предење со своите раце и принесуваа си што ќе испредеа – преѓа сина, црвена и темноцрвена и препредена;

26 секоја пак, жена, што ќе наумеше поради умешноста нејзина, предеше козина.

27 А старешините принесуваа камен оникс и камења за украсување на ефодот и на наградникот;

28 исто така и масло за осветление и мириси за елеј за помазание и за кадило мирисно!

29 И така синовите Израилеви – сите мажи и сите жени, што ќе им дојдеше на ум да принесат што и да е за делото, што заповеда Господ преку Мојсеј да се направи, принесоа доброволен дар на Господа.

30 Тогаш им рече Мојсеј на синовите Израилеви: »Ете, Бог го повика по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино.«

31 и го исполни со Дух Божји, со мудрост и со разум, со знаење и со секоја умешност да гради;

32 да обработува дрводелие, и да прави работи од злато, сребро и бакар;

33 да реже камења, да реже и обраборува дрво, и да прави секакви уметнички работи;

34 а вложи во неговото срце и во срцето на Елијава, синот Ахисамахов, од племето Даново, и способност да можат да учат и други.

35 Го обдари со умешност да вршат секаква резбарска работа, кројачка, везачка и ткајачка на сина, црвена и темноцрвена ткаенина и на висон, и да изведуваат секакви работи, во разни уметности.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016

© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy